Прво интервју на Игор Којиќ по разводот со Северина: „Еве јавно ги канам Северина и Милан на мојот нареден роденден“

Сфаќам дека одредени луѓе ме осудуваат што објавив фотографија со таткото на Александар и сфаќам дека на многумина им изгледа тоа како груб и нечесен чин или пак некаков пакт, но сега говорам јавно за да ставам точка на сите невистини и лажни информации, пласирани од страна на најблиските соработници на Северина, кои го водат овој процес свесно заради свои лоши цели.

„Најважно е Александар да е среќен до небо, а замислете колку би бил ако неговите родители седнат и поразговараат. Јас сметам дека на секое дете му е потребен татко. Луѓето често се определуваат на страна на Северина или Милан, но моја единствена страна засекогаш ќе биде Александар“, а по ова Игор говореше за тоа како Александар го наговорил татко си Милан за да го изненадат за неговиот роденден.

„Иако Северина и јас немаме никаква комуникација, но од почит кон неа како кон мајка на Александар ѝ пратив порака дека сме се сретнале на Хвар со нив и на мојот роденден.

Исто така, ја известив дека кај мене може да го носи Александар кога и да посака. Еве јавно ги канам Северина и Милан на мојот нареден роденден, но знам дека тоа нема да се случи затоа што целата ситуација од сенка ја контролира најблискиот соработник на Северина, но никогаш не велам никогаш.

Александар си го доживувам како помал брат и се слушаме со него кога е кај татко му.“

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Северина емотивна за 13-тиот роденден на синот: „Имам среќа да живеам со прекрасно дете“ „13 години имам голема среќа да живеам со прекрасно дете, сега веќе – момче. Пам...
Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Го остави заради притисокот од жените кои му се фрлаа во прегратки – Која е најголемата љубов на Здр... „Имам почит кон неговото семејство, но еднаш го прашав: 'Зошто сето ова ни се сл...
Бившиот ја преболи Северина (52): Игор Којиќ (37) ненадејно се ожени за 15 години помлада девојка Северина и Игор Којиќ беа 6 години во брак, а во тој период парот беше лудо вљуб...
Има 2 деца со различни жени, често ги изневерува девојките: Бурниот љубовен живот на Петар Стругар Зад себе има еден пропаднат брак и вели дека разводот не му паднал тешко. Вторио...
Северина со нова моќна песна за синот: „Ја напишав за да ја исфрлам од себе тагата, кога ми го одзед... „Ја напишав по одлуката на Врховниот суд, со која рекоа дека треба да ми ги одзе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg