„Моите бебиња наполнија 13 и 14 години“ - Јелена Карлеуша им го прослави роденденот на ќерките во Виена
- Детали
- петок, 09 септември 2022
Јелена Карлеуша во бела впечатлива креација, а двете ќерки со црни фустанчиња - поголемата Атина со патики, а помалата Ника со брендирани Balenciaga влечки на роденденската прослава во Виена.
Јелена Карлеуша во долг бел фустан со пердуви им го прослави роденденот на ќерките во Виена.
Нејзината помала ќерка Ника наполни 13 години, а поголемата Атина наполни 14 години.
Со неа на прославата во луксузен ресторан во Виена беше и нејзиниот пријател и ПР менаџер Зоран Бирташевиќ.
Ќерките на Карлеуша беа во црни фустанчиња, а од мајка си добија изненадување со балони и цвеќе.
Во описот на фотографиите од роденденската прослава Јелена напиша:
„Моите бебиња наполнија 13 и 14 години, време за забава во Виена...“
Интересно е што ќерките на Карлеуша се родени на ист ден (07.09) само со една година разлика.
Фотографии од прославата:
С. С. | Црнобело