НБА кошаркарот Џеди Осман и турската актерка Ебру Шахин со пријателите се веселат во Охрид - денес е свадбата
- Детали
- петок, 01 јули 2022
Џеди Осман денес (1-ви јули) ќе прави свадба со неговата сакана Ебру Шахин во Охрид, откако вчера со музика во живо се веселеа на Свети Наум и уживаа во убавините на Охрид со пријателите и семејството.
Турскиот НБА кошаркар Џеди Осман денес (1-ви јули) ќе прави свадба во со неговата сакана Ебру Шахин.
Ебру е позната турска актерка, па се смета дека ова ќе биде најспектакуларната прослава што ќе се случи покрај Охридското Езеро.
Парот веќе е пристигнат во Охрид, а Ебру вчера објави фотографии на кои се гледа дека шетаат и уживаат во Охрид.
И пријателите и членовите на нивните семејства, кои се со нив, објавија фотки од нашиот бисер.
Тие беа на ручек со музика во живо во Свети Наум, на шеталиштето покрај езерото, а омилени за позирање им се бротчињата и трските во Охрид.
Џеди и Ебру се во врска од летото 2020-та година, а желбата на Џеди била судбоносното „да“ да го каже во градот каде што е роден и каде ги поминал првите години од својот живот, а тоа е токму Охрид.
Ебру има 4 милиони следбеници на Инстаграм, а Џеди 1.5 милиони, па нивната свадба и фотографиите од неа што ќе ги објават ќе бидат одлична промоција на нашиот прекрасен Охрид.
Фотографии од парот во Охрид:
Фотографии од нивните пријатели и роднини во Охрид: