Како дете ѝ се потсмевале, а денес е најпознатиот хрватски плус-сајз модел: „Погрдните коментари веќе не ме допираат“

„Веќе подолго време не читам ништо за себеси. Секогаш ќе има луѓе што не ме сакаат и тоа повеќе не ме допира“ – вели најпознатиот хрватски плус сајз модел Луција Лугомир, која во училишните денови постојано била исмевана од врсниците заради својот изглед.

kako-dete-i-se-potsmevale-a-denes-e-najpoznatiot-hrvatski-plus-sajz-model-pogrdnite-komentari-vekje-ne-me-dopiraat-01.jpg

Луција Лугомер (28) е најпознтиот хрватски  плус сајз модел, која е позната по тоа што сака да ја поткрене свеста кај жените и девојките за прифаќање на сопственото тело такво какво што е, без разлика на килограмите.

Луција е родена во Загреб, а на 11 години останала без мајка која починала од рак на дојка. Сепак пораснала со голема љубов и поддршка од нејзиниот татко, а деновите во основното и средното образвонаие, вели дека ѝ биле најголем кошмар затоа што постојано била исмевана заради нејзиниот изглед.

View this post on Instagram

A post shared by LUCIJA LUGOMER (@lucija_lugomer_official)

Како што вели, секогаш била највисока во одделението, но секогаш имала и вишок килограми, а тоа што предвреме се развила и влегла во пубертет, само ги засилило погрдните коментари.

Денес, благодарение на пријателите што ја натерале да се пријави во една агенција за статисти, Луција има успешна кариера како модел.

Таа досега се фотографирала за Daily Mail, Vogue, Allure итн.

View this post on Instagram

A post shared by LUCIJA LUGOMER (@lucija_lugomer_official)

Нејзините објави честопати наидуваат на пофални зборови, но и на критики од јавноста и погрдни коментари, а во едно интервју таа говореше за таквите коментари па рече:

„Во минатото имав проблеми со самодовербата, но посетата на психолог ми помогна да ги поставам најцврстите темели што потоа само ги надградував. Како што зборувам за несовршеностите така ги поттикнувам луѓето да се посветат себеси и на сопственото усовршување и психички и физички.

Веќе подолго време не читам ништо за себеси. Секогаш ќе има луѓе што не ме сакаат и тоа повеќе не ме допира. Го гледам својот пат и ги поздравувам луѓето што ме следат и ми пружаат поддршка.“

Луција од 2018-та година е во брак со 11 години повозрасниот од неа Данијел Грлиќ кој е сопственик на франшиза за суши Sushi by A’s во Хрватска.

Таа деновиве на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира во монокини, на која доби голем број позитивни коментари.

Инаку Луција има околу 145.000 следбеници на Инстаграм, а редовно објавува фотографии. Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работел на паркинг, сините очи ги наследил од мајка му – Кој е Бурак Челик, турскиот актер што мами ... Како дете имал цел да стане светски модел, а денес има цел да стане светски акте...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg