Милица Дабовиќ: „Секојдневно ме 'убиваше' од тепање и ми крадеше пари - факти за „Црвените“ натпреварувачи на Survivor 2022

Милица Дабовиќ (39)

Милица е поранешен капитен на женската кошаркарска репрезентација на Србија. Медиумите долго време пишуваа за нејзиниот „турбулентен“ љубовен живот која таа со години вешто го криела, а потоа започнала врска со Симон Шиклиќ кој е познат по своето проблематично минато.

„За време на нашата врска секојдневно ме 'убиваше' од тепање и ми крадеше пари, па морав својата облека да ја продавам по социјални мрежи за да избегнам банкрот“.

Наџа Ериќ (21)

Наџа е родена во Белград. Обожава пливање, одбојка и фитнес. Таа во моментот студира, но во слободно време работи како дадилка и аниматор за деца.

Младата Наџа обожава животни и во својот дом чува две кучиња и дури седум мачки. Нејзина голема желба е да биде успешен физотерапевт.

Стефан Невистиќ (28)

Роден е во Краљево и висок е 184 сантиметри. Работи во Црвениот крст на Република Србија како асистент. Еден поглед на неговиот Инстаграм профил е доволен за да забележиме колкава е неговата љубов кон животот и спортот.

Поради неговата првична работа, Стефан се одликува со навистина позитивни навики – како што е давањето на крв. Со сигурност можеме да кажеме дека Стефан е еден од фаворитите за победник.

Стеван Стевановиќ (30)

„Survivor е тимска игра, како и рагби – но, на крајот некој мора да биде капитен“. 

Стеван е дипломиран економист кој работи како професор, а во слободно време е личен тренер и капитен на рагби репрезентацијата на Република Србија.

Тој е во долгогодишна љубовна врска со Милица Дрмоњиќ.

Рамиз Зеко Гусинац (52)

Еден од неодамна придојдените натпреварувачи е неверојатниот Рамиз од Нови Пазар, кој од тимот го доби прекарот „Чале“.

Рамиз непрекинато покажува дека годините се само бројка. По професија тој е фризер, но во слободно време интензивно се бави со спорт, што и лесно може да се забележи по неговиот физички изглед.

Јована Томиќ (24)

Јована студира медицина, а во слободно време работи како модел. Нејзиното искуство пред камерите може да се види во серијата „Сложне брача – Next generation“.

Татко ѝ бил посветен војник, така што спортот отсекогаш бил составен дел од нејзиниот живот и покрај фактот што како дете ѝ била дијагностицирана лордоза.

Поради долгата темна коса и специфичниот изглед, Јована во својот тим го доби прекарот Покахонтас.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
Татко ѝ ја напуштил на 3 години, се омажила на 19, наскоро ќе стане прабаба: Тешкиот живот на Кока о... Дипломирала два месеца по породувањето, на 45 години останала вдовица и веќе ник...
Милица Дабовиќ по веста за нејзината наводна смрт: „Кој е толку болен да закопува живи луѓе?“ „Во ред, разбирам сè, но објаснете ми како некој е толку болен за да закопува жи...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Маша Терзиќ, бившата на Вељко Ражнатовиќ, ужива во патувања со синот - му го крие лицето на свршеник... Некогашната најголема љубов на Вељко Ражнатовиќ веќе 4 години е во љубов со анон...
Стана славна со улогата на проститутка, сега е новинарка која го истражува атентатот врз Ѓинѓиќ - Ко... Почнала да глуми за да му се приближи на актерот во кој била вљубена, денес има ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg