Милица Дабовиќ: „Секојдневно ме 'убиваше' од тепање и ми крадеше пари - факти за „Црвените“ натпреварувачи на Survivor 2022
- Детали
- вторник, 05 април 2022
Јована студира медицина, а во слободно време работи како модел, кошаркарката Милица беше главна тема во медиумите заради турбулентниот љубовен живот, посебно откако откри дека била тепана и крадена од нејзиниот дечко – запознајте ги подобро натпреварувачите од црвениот тим на српско-хрватскиот Survivor.
По долгогодишна пауза едно од најпосакуваните телевизиски шоуа – Survivor, повторно затропа на телевизиските врати и со тоа израдува голем број страстни гледачи и љубители на адреналинот.
Снимањето на овој натпревар е сместено на егзотична локација во прекрасната Доминиканска Република. Емитувањето можете да го погледнете секој ден на српската (21:15) и на хрватската телевизија (22:15).
Натпреварувачите се поделени во две групи таканаречени: „Црвени“ и „Сини“. Секоја група на самиот почеток броеше по 10 членови, но со текот на борбите и номинирањата – бројката се менува(ше). Неодамна во тимовите придојдоа по двајца нови натпреварувачи.
За жал, оваа година не можеме да се израдуваме со наш претставник, но тоа не значи дека не можеме да пронајдеме натпреварувач кој ќе го „зграби“ нашето внимание и со својот психофизички стимул ќе го заслужи нашето навивање.
Оние верните гледачи, сигурно одамна имаат свој фаворит. Но, по што се познати натпреварувачите на Survivor?!
Во продолжение за вас откриваме повеќе интересни факти за учесниците кои веројатно не ги знаете:
Игор Лазиќ – Нигор (50)
Иако неодамна го напушти шоуто, сепак неговото име е вредно за споменување.
Нигор е српски хипхоп пејач, по потекло од Црна Гора. Во неговото музичко портфолио се наоѓаат неколку песни со Владо Георгиев, од која најпозната е песната „Тропски бар“.
Лазиќ учествувал во првата сезона на реалното шоу „Фарма“, а исто така се натпреварувал и во „Танц со ѕвездите“.
Маша Купрешанин (25)
Маша е една од најдобрите женски сили во Survivor. По професија е фитнес инструкторка, па така нејзиниот Инстафрам профил го користи за промоција на здравиот и активен живот.
Нејзината перфектно обликувана фигура привлекува доста внимание, што и не е чудно бидејќи Маша со години практикува физички напорни тренинзи.
Таа повеќепати изјавила дека нејзината животна желба е да учествува во Survivor и да се испроба во сите игри.
Бранко Милошев (29)
Бранко е дипломиран професор на Факултетот за физичко образование, а роден е во Нови Сад. Себеси се опишува како амбициозна и тврдоглава личност и тврди дека е подготвен на сите предизвици во Survivor.
Мина Николиќ (28)
Мина е млада актерка која својата популарност ја стекнала со појавувањето во серијата „Ургентни центар“ во 2014 година, иако својата досега најголема популарност ја постигнала во серијата „Жигосани у рекету“, во 2018 година.
Јавноста особено ја воодушеви фактот што додека Мина паузирала со своите филмски ангажмани, работела во познато српско кафуле.
Нејзиниот татко, познатиот актер Марко Николиќ кој почина во 2019 година е една од нејзините најважни, животни фигури.
Владимир Говедарица (30)
„Во ред е силата, во ред се мускулите – но, главата е она што во оваа игра победува“ – е мотото на Владимир.
Харизматичниот келнер од Белград е висок речиси два метра и досега се покажа како еден од најподготвените натпреварувачи, иако смета дека физичката сила не е негов силен адут.
Тој на социјалните мрежи не сака да открива премногу за неговиот приватен живот, но очигледно е дека е љубител на патувањата.