Сцена што ретко се гледа: Двајца кавалери „кренаа прашина“ во Хрватска и Србија (фото)

Во рок од едно деноноќие, две идентични глетки осамнаа на интернет порталите во регионот. Првата е направена во центарот на Загреб, додека втората е во Белград. 

scena-shto-retko-se-gleda-dvajca-kavaleri-krenaa-prashina-vo-hrvatska-i-srbija-foto-1.png

По сѐ изгледа, машко-женските односи се жешка тема за дискусија во државите од поранешна Југославија. Лавината од реакции што ја предизвикаа неодамна прикажаните фотографии во јавноста, претставуваат уште една потврда дека е така. Овојпат, причината е мошне симпатична.

scena-shto-retko-se-gleda-dvajca-kavaleri-krenaa-prashina-vo-hrvatska-i-srbija-foto-2.jpg

Сѐ за да ѝ угоди на жената!“, „Несекојдневен гест на кавалер од Загреб“ и „Тоа е љубов!“ се само дел од насловите, со кои хрватските медиуми ја споделија веста за фраерот што се наведна на градскиот плоштад, како би ѝ ги заврзал патиките на својата девојка.

Објавувајќи ги фотографиите од оваа сцена што ретко се гледа, повеќето од нив заклучија дека тоа е вистински кавалер, па го почестија со комплименти, аплаузи и пофалби на негова сметка.

scena-shto-retko-se-gleda-dvajca-kavaleri-krenaa-prashina-vo-hrvatska-i-srbija-foto-3.jpg

Нанижа илјадници лајкови на порталите и беше сензација на социјалните мрежи, па се чини дека со ваквиот потег, дечкото ги „купи“ поголемиот дел од хрватските граѓани. Се разбира – секогаш постојат и исклучоци.

scena-shto-retko-se-gleda-dvajca-kavaleri-krenaa-prashina-vo-hrvatska-i-srbija-foto-4.jpg

Неколку часа подоцна, истата сцена беше забележана и во Белград. Случајно или намерно, ја постираше локален жител на својот профил, а наскоро ја пренесоа и српските медиуми, откривајќи дека авторот на фотографијата бил „длабоко потресен“ од глетката.

„Еве до каде нѐ доведе тој ваш феминизам. Некогаш жените им ги миеја нозете на мажите, а сега ние мора врвките да им ги врзуваме.“, стоеше во неговиот опис на сликата.

scena-shto-retko-se-gleda-dvajca-kavaleri-krenaa-prashina-vo-hrvatska-i-srbija-foto-5.png

Наиде на низа остри критики, а многумина се потрудија да му објаснат дека момчето на фотката е пример како еден маж треба да се однесува кон жените. Од друга страна, имаше и такви кои се сложија дека на посилниот пол не му прилега да биде во „потчинета“ улога. 

scena-shto-retko-se-gleda-dvajca-kavaleri-krenaa-prashina-vo-hrvatska-i-srbija-foto-6.png

Во очекување сме и на првиот Македонец што ќе се охрабри да им се придружи. Дотогаш, споделете ни го вашето лично размислување за ваквиот гест во коментари.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Огромни маскоти како лав и жирафа, торта со мече – Бајковит прв роденден на синот на Марија Микиќ Српската пејачка Марија Микиќ со второто дете остана бремена само еден месец по ...
Локал во Белград е како сцена од празнична бајка Годинава повторно се хит црвените лампиони и класичните зелени елки и, се разбир...
Стана мајка на 42 години, завршила во кревет со колега додека сопругот ја барал - Се сеќавате ли на ... „Додека се подготвував за ин-витро, забременив по природен пат. Мислам дека е то...
Наташа Беквалац, Сека Алексиќ: Српските ѕвезди се собраа на забава во Белград со оскаровски гламур Сека Алексиќ изненади со впечатливи ултра кратки шишки и Лејди Гага чевли, а Бој...
Лена од Србија на само 9 години прави бурек како професионалец: „Го научив занаетот од татко ми“ Лена од Обреновац, Србија, на само 9-годишна возраст работи како бурек мајстор в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg