Србинка (77) има 35 години помлад сопруг: „Привилегија е да имате млад маж - патуваме со кампер, тој ми готви“
- Детали
- сабота, 11 јануари 2025
Сопругот (41) разголен ѝ приготвува риба во кампер, таа изгледа неверојатно и на 77 години... Српската модна дизајнерка Верица Ракочевиќ вели: „Не живеам во склад со своите години, иако имам 3 деца и 7 внуци“.
Модната дизајнерка Верица Ракочевиќ (77) е жена која живее по свои правила. Во брак е со 35 години помладиот композитор Вељко Кузманчевиќ и не се оптоварува за коментарите околу разликата во години во нејзиниот брак.
Тие постојано патуваат и тоа најчесто со кампер. Живее според своја животна филозофија и бега од љубопитните погледи.
Верица неодамна во интервју за српскиот магазин „Blic“ откри детали од нејзиниот живот, како и од односот со саканиот.
„Ме интересира мислењето на семејството и блиските пријатели, на другите не.
Си имам стандарди по кои живеам, сакам да изгледам убаво и доволно сум паметна од себе да не направам мајмун.
Нема да кажам во склад со моите години, затоа што не ја сакам таа реченица и не живеам во склад со своите години.
Имам 77 години, баба сум, имам 7 внуци, три деца, сопруг.
Привилегија е да имате 35 години помлад маж.
Секоја жена сака некој да ѝ каже дека е убава, па се трудам да не излезам од колосек. Жената која е стабилна и задоволна не може да излезе од колосек“.