Македонскиот фризер Зоки Давитков оваа недела во „Елита Задруга“
- Детали
- петок, 01 март 2024
Нашиот фризер, Зоки Давитков, оваа недела (03.03.2024) влегува во реалното српско шоу „Елита“ каде со своите магични раце ќе се погрижи за косата на една од учесничките, Анита, која е еден од фаворитите за победник.
„Во врска со Задруга, односно Елита, не знаев ништо ниту кој е внатре во куќата ниту го следам шоуто, едноставно обврските не ми дозволуваат да следам ТВ. Но, кога е во прашање работата секогаш сум отворен за понуди кои се добри за напредок во работата. Наскоро го прошируваме брендот и на пазарот во Србија, во Белград, и на тој пазар во Србија каде наскоро во Белград почнуваме со работа со нашиот бренд за надградба на коса Luxury Hair Extensions.
Ме контактираа некои девојки фанови на Анита која е дел од Елита кои ја следеле нaшата работа во Македонија, потоа ме поврзаа со мајката на Анита која ја направи целата организација со продукцијата, тие го одобрија истото. Во недела наутро влегувам во куќата на Задруга работно и правиме се што е потребно за косата и надградбата на таа Анита која сега ќе ја запознам.
Потпишуваме договор со продукцијата од Пинк како сигурност за нивните правила на однесување внатре и почнуваме со работа и освојување на Белград и Србија“ - вели Давитков.