Вдовицата од Босна, која стана херој носејќи го болниот сопруг на грб, се премажи по неговата смрт - сега е мета на осуда

Махира Ахмиш, младата жена која го разнежни Балканот со својата пожртвуваност и грижа за сопругот, кој боледуваше од мултипла склероза и почина во март 2022 година, преку ноќ од хероина стана една од најомразените личности во Босна и Херцеговина, бидејќи се премажи една година по неговата смрт.

vdovica-od-bosna-koja-stana-heroj-otkako-bolniot-soprugot-go-noseshe-na-grb-se-premazhi-sega-ja-osuduvaat-bidejkji-nashla-nova-ljubov-01.jpg

Махира Ахмиш од Босна и Херцеговина стана позната во јавноста преку нејзината инспиративна приказна за љубовта и грижата за нејзиниот сопруг Есед, кој со години боледуваше од мултипла склероза, тешка болест која влијае на нервниот систем. Нивната приказна стана симбол на сила и љубов, инспирација во регионот.

Махира толку многу се жртвувала за својот сопруг, што дури и го носела на грб и без ничија помош го симнувала и качувала по скали, пред соседите да соберат пари и да им стават лифт во куќата.

vdovica-od-bosna-koja-stana-heroj-otkako-bolniot-soprugot-go-noseshe-na-grb-se-premazhi-sega-ja-osuduvaat-bidejkji-nashla-nova-ljubov-07.jpg

Есед почина лани во март, а Махира најде нова љубов и на 1-ви октомври 2023 се омажи за Саладин Хајдарпашиќ.

Дека е мажена, таа откри преку Инстаграм, објавувајќи свадбена фотографија на која позира со Саладин.

View this post on Instagram

A post shared by Mahira Hajdarpasic (@mahira_hajdarpasic)

И додека едни ѝ го честитаа бракот и ѝ посакуваа среќа, имаше такви кои ѝ оставија злобни коментари.

Тие ѝ замерија што се омажила по само година и пол, а имаше и такви кои велат дека се преправала дека го сака Есед, па затоа и го заборавила брзо.

vdovica-od-bosna-koja-stana-heroj-otkako-bolniot-soprugot-go-noseshe-na-grb-se-premazhi-sega-ja-osuduvaat-bidejkji-nashla-nova-ljubov-06.jpg

По бројните критики, Махира гостуваше во емисија и раскажа зошто решила да се омажи, како го запознала сопругот и колку ѝ значи тоа во животот по сите маки низ кои поминала.

„Мојот сопруг е мојата награда за сите години на искушенија кои ги имав. Никој не ме принуди на тоа, сè направив доброволно. Мојот живот може да биде мотивација за другите луѓе.

Луѓето сакаат да гледаат драми, кавги, и јасно е дека можат сè да простат, само успех и среќа никогаш“, вели таа.

vdovica-od-bosna-koja-stana-heroj-otkako-bolniot-soprugot-go-noseshe-na-grb-se-premazhi-sega-ja-osuduvaat-bidejkji-nashla-nova-ljubov-04.jpg

Махира рекла и дека нејзиниот сопруг е убав и искрен човек, кој освен што ја прифатил неа, ги прифатил и нејзините деца, и ветил дека ќе ги чува и штити.

„Јас не се омажив за пари или за медиумско внимание, туку бидејќи се заљубив и затоа што ми требаше маж кој ќе ми биде и поддршка и семејство. Сè е двојно полесно“, рекла таа.

vdovica-od-bosna-koja-stana-heroj-otkako-bolniot-soprugot-go-noseshe-na-grb-se-premazhi-sega-ja-osuduvaat-bidejkji-nashla-nova-ljubov-05.jpg

vdovica-od-bosna-koja-stana-heroj-otkako-bolniot-soprugot-go-noseshe-na-grb-se-premazhi-sega-ja-osuduvaat-bidejkji-nashla-nova-ljubov-03.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...
Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“ „Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Н...
Муки е пилот од Босна и Херцеговина – вози јахти, јава коњи, свршеник ѝ е на Тања Савиќ (фото) Тој ја обожава својата работа и на Инстаграм споделува како е „небото да ти е ка...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Трипати се мажела, на сопругот му признала дека е вљубена во друг - Бурниот љубовен живот на актерка... Додека ја снимала „Bolji život“, го изневерила првиот сопруг. Светлана зад ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg