„Домот е каде што е срцето“ - Северина, со 'принцеза' светкави чевлички, пресреќна покрај синот (на кој уште му го крие лицето)
- Детали
- вторник, 19 септември 2023
Северина блеска во друштво на синот Александар и откако повторно живеат заедно, тие се неразделни - од одмор на Корчула до заеднички настани. Бившиот Милан Поповиќ конечно не може да ја нарушува нејзината среќа.
Северина ги живее најдобрите денови од својот живот, откако по тешки долгогодишни судски битки, повторно ја доби привилегијата нејзиниот син Александар да живее со неа.
Од летни одмори до настани и прошетки, таа не се дели од него, а од нивните активности постојано објавува фотографии, на кои сè уште мора да му го крие лицето со емотикони, како последица од судската разрешница до која дојдоа со поранешниот Милан Поповиќ.
На последните фотографии со синот, Северина е во бел стајлинг, надополнет со златни детали, а највпечатлив дел од него се златните, светкави „принцеза“ чевлички, со кои хрватската дива објави и видео на Инстаграм како танцува и се забавува.
Во описот на фотките Северина напиша: „Домот е таму каде што ти е срцето“.
Инаку, неодамна Северина и Александар се вратија од летниот одмор на Корчула, од каде таа објави низа фотографии и нагласи дека долгите, топли прегратки им се нивната омилена игра.
Од чистење на риба до дружби со членови на семејството, Северина вели дека со Александар си се одлично друштво за секаде и нагласува „каква мајка, таков син“.