9 трикови за одржување на вашиот автомобил (за сите кои си го чуваат возилото како очите)

Пожолтените фарови исчистете ги со паста за заби, секогаш чувајте ролер со лепливи ленти за влакната кои се лепат на седиштата, отстранете ја непријатната миризба од седиштата со сода, а стаклата прскајте ги со оцет и вода за да не мрзнат навечер. 

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite-01.jpg

Редовното одржување на автомобилите е многу важно за трајноста да биде подолга, но и за да се чувствувате пријатно при секое возење и влегување во возилото. 

Мора да признаеме дека некои сопственици се многу поопседнати со своите возила отколку што е потребно, па посебно за нив овие трикови ќе бидат од клучно значење. 

Во продолжение неколку трикови кои може да ви се најдат за одржување на автомобилот:

Паста за заби за чистење на пожолтени фарови  

Залепете ленти околу фаровите за да не ја уништите бојата во другиот дел околу фарот. Нанесете паста на ткаенина и чистете ги фаровите како што би чистеле стакло, во кружни движења.

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite02.jpg

Секогаш чувајте ролер со лепливи ленти за чистење на влакна од седиштата

Screenshot 2022-11-07 120416.jpg

Ако имате мала пукнатина на стаклото, залепете ја привремено со фластер, додека да го однесете возилото на сервис за менување стакло

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite-04.jpg

На ткаенина истурете неколку капки маслиново масло и пребришете ја маската за да ѝ дадете сјај како нова

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite-05.jpg

Подгответе ги бришачите за лошо време

Не е доволно само да прскате вода или антифриз кога е лошо времето. Бришачите треба да ги подготвите така што ќе натопите ткаенина со чистач за стакла и ќе ги избришете одвреме-навреме. А, за да не „цвичат“, намачкајте ги со силиконско масло.

Секако, доколку забележите дека и така не ја вршат добро функцијата, време е да ги замените. 

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite-06.jpg

Наместо да гребете наутро по стаклата, подгответе го автомобилот навечер за ниските температури

Додека вашите соседи се мачат наутро со гребење на мразот, вие само ќе пребришете ако претходната ноќ сте ставиле средство кое е мешавина од ¾ оцет и ¼ вода.

Киселината ќе спречи смрзнување во текот на ноќта.

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite-07.jpg

Чистење на нечистотии од недостапни места со слајм

Да, оваа гадна детска играчка, може да ви се најде за да го отстраните правот од најнедостапните места во автомобилот. Правот и ѓубрето веднаш ќе се залепат на оваа смеса, а потоа само ќе ја одлепите и ќе ја измиете со вода и сапун.

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite08.jpg

Импровизирајте држач за таблет кој ќе им служи на децата на задните седишта

Ако немате држач за таблет, може да импровизирате со фасцикли – во дупките од фолијата протнете ги шипките од потпирачот за глава на предните седишта, а внатре ставете го таблетот.

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite-09.jpg

Отстранете ги непријатните миризби со сода бикарбона

Во шише со распрскувач наполнете вода и ставете малку сода бикарбона. Испрскајте на седиштата од текстил (не го користете овој раствор за кожени седишта) и оставете да отстои 10-тина минути, па пребришете со крпа.

9-trikovi-za-odrzhuvanje-na-vashiot-avtomobil-za-site-koi-si-go-chuvaat-voziloto-kako-ochite-10.jpg

 M. M. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg