Како ви звучат 2,2l на 100km?

kako-vi-zvucat-2-2l-na-100km-povekje2006 километри со еден резервоар, или просечна потрошувачка од 2,2 литри на 100 километри. Како ви звучи ова? Од Австрија до Данска и назад...


...со само еден резервоар. Сите возачи веднаш ќе речат – нема шанси!

Сепак, ова е реалниот епилог на рекордерот на штедливо возење – Герхард Платнер.

Тој за време на еко-тестот на Шкода Фабиа Гринлајн, со еден резервоар успеал да извози од Австрија до Данска и назад, при што поминал вкупно 2006 километри. При овој подвиг измерената просечна потрошувачка била 2,2 литри на 100 километри.

kako-vi-zvucat-2-2l-na-100km-1

Резервоарот за гориво после полнењето и за време на целото возење бил надгледуван од IPMC (International Police Motor Corporation).

Инаку, Шкода Фабиа Гринлајн е втора генерација штедлив автомобил од чешкиот автомобилски производител. Овој рекорден резултат е овозможен од иновативната Фабиа Гринлајн технологија, како и возачките вештини за економско возење на Платнер.

kako-vi-zvucat-2-2l-na-100km-3

Имајќи ги во предвид цените на бензините ова звучи како одлична идеја, зар не?

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg