Нов Мини убавец на повидок
Колку Мини автомобили можат да се направат на една иста платформа? Очигледно многу! По компактите, кабриолетите, купеата, спидстерите, караванот...
...Clubman и кросоверот Countryman, од Оксфорд ни пристига уште еден новитет под името Paceman.
Mini Pacemen е всушност варијација на Countryman на кој му недостига пар врати. Во основа Pacemen се разликува од Countryman исто колку што BMW X5 se разликува од BMW X6.
Со вадењето на овој модел Мини се надева дека ќе креира нова класа на автомобили која Британците ја викаат “Sports Activity Coupe” или скратено SAC.
Автомобилот го придвижува познатиот 1.6 литарски бензински мотор со 4 цилиндри и 211 коњски сили од Cooper JCW, а силата низ сите 4 тркала се пренесува по пат на интегралниот систем ALL4, кој го користи и Countryman.
Официјалната премиера е најавена за еден од најголемите автомобилиски саеми во светот т.е. саемот во Детроит кој ќе се одржи идниот месец. Веројатно тогаш и ќе дознаеме кога новото Мини ќе се појави и по автомобилските салони.
Да не одолговелкуваме, уживајте!