Може ли да погодите кој е најскапиот автомобил во светот?

Бугати направи еден примерок од нивните спортски автомобили целосно од карбонски влакна и истиот е веќе продаден за 11 милиони евра на анонимен ентузијаст на автомобили.

Koj-e-najskapiot-avtomobil-vo-svetot-01.jpg

Автомобилот со име La Voiture Noire (црн автомобил) беше претставен на Саемот за автомобили во Женева. Цената не е официјално потврдена, но Бугати открија дека автомобилот е купен за 11 милиони евра без вклучен данок, односно 16,7 милиони евра со данок.

Koj-e-najskapiot-avtomobil-vo-svetot (2).jpg

Koj-e-najskapiot-avtomobil-vo-svetot (4).jpg

Претходно, рекордот за најскап автомобил го држеше Rolls-Royce Sweptail, којшто беше продаден приближно за 12,8 милиони долари со данок.

Koj-e-najskapiot-avtomobil-vo-svetot (1).jpg

Најскапиот автомобил има мотор со 16 цилиндри, поставен во тело целосно изработено од карбонски влакна. Секоја компонента од автомобилот е рачно обликувана од овој материјал којшто придонесува за длабок и темен сјај.

Дизајнот е инспириран од класичниот автомобил Bugatti Type 57, креиран од синот на основачот Еторе Бугати, Жан Бугати во 1930-ти години.

Koj-e-najskapiot-avtomobil-vo-svetot (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg