Volkswagen Type 2 - најпознатото комбе на сите времиња и животниот сон на сите авантуристи

Да се поседува комбето Volkswagen Type 2 е еден од животните соништа на сите авантуристи. Оние, кое секое утро се будат со свежина во очите и кои истовремено му се радуваат на постоењето. 

Volkswagen type 2 najpoznatoto kombe na site vreminja 11

Мора да кажам дека имам сретнато многу луѓе (да не речам секој трет човек), кои мечтаат да ги спакуваат најпотребните работи и да заминат на патување низ светот. Да го прошират својот внатрешен простор и воедно да се поврзат со себеси.

Можеби, сите потсвесно посакуваме слична авантура. Само некој има смелост и храброст да ја оствари, а другите, потиснати од стравот, остануваат вкопани во комфор зоната.

Да не се случило хипи движењето во шеесеттите години, можеби ова комбе никогаш не би ја стекнало својата популарност. За тоа се заслужни ниската цена, големиот број на можности и примамливиот изглед на комбето.

Уште кога се појавило, комбето се нарекувале со неколку имиња: Kombi, Transporter, Bus, Camper и Kleinbus. И имало симбол на мир, служејќи им на хипиците да се возат од едно до друго место додека се случувале против-воените протести, а истовремено да ги „прошараат“ сите четири страни на светот.

Volkswagen type 2 najpoznatoto kombe na site vreminja 1

Денес, на Volkswagen Type 2 се гледа како икона на хипи-движењето и едно од најпознатите комбиња на сите времиња.

Во продолжение следува галерија од препознатливото комбе, кое верувам дека ќе разбуди хипи импулси во вас и можеби ќе ве мотивира да започнете некоја авантура.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg