Славче Таневски, македонскиот дизајнер за автомобили, премиерно во Женева го претстави своето ново дело
Македонскиот дизајнер Славче Таневски на саемот за автомобили во Женева, пред светската јавност утрово премиерно го претстави своето ново дело, Mercedes-Benz CLA Shooting Brake.
Интересно е што својата презентација ја почнува со своите први цртежи од само 2-годишна возраст, кусо објаснувајќи ги своите визуализации за автомобилите. Инаку, тој е еден од најмладите членови на врвниот тим на дизајнери на Mercedes-Benz каде досега самостојно креираше неколку модели за најстариот автомобилски бренд во светот.
На официјалната презентација претставени се и освежениот GLC, како и новиот Mercedes-AMG GLE 53 и нови дополнувања во семејството EQ на електрични возила на Mercedes-Benz.