„Жената од село, а колата од Германија“ - 5 половни автомобили што се „икони“ на Балканот
Кога станува збор за автомобилите и Балканот, неминовно ни паѓаат на ум неколку очигледни избори како најомилените превозни средства на населението.
Што ќе купи гастербајтерот кој се враќа од странство со цел да предизвика љубомора кај соседите? Кое е најиздржливото возило со чија помош ќе се искачите по стрмен терен со кал до колена?
Кои се 5 половни автомобили со култен статус на Балканскиот полуостров?
Југо 45/55
Ова е прилично очигледен избор. Нема возач на Балканот што некогаш не возел Југо. Југото е дел од историјата на Балканот.
Се произведуваше од 1980-2008, па затоа и лесно може да се најдат делови за одржување, а и заситеноста на пазарот прави нивната цена да е прилично ниска (околу 250 до 300 евра).
Голф 2
Германските автомобили имаат добра репутација на Балканот. Понекогаш дури и премногу добра. Затоа голфот како квалитетна кола е многу баран на пазарот и држи добра цена, дури и овој постар модел (над 400 евра).
Покрај двојката, барани се и Голф 1 и 3, а интересно е што овој автомобил е особено популарен кај босанските шофери.
Мерцедес – Бенз 190Е
Најчестата ситуација зошто се вози овој автомобил е следната: Гастербајтер од српско село се враќа од 3 месечна работа во Германија и има заштедено малку пари. Што ќе направи со парите, а тоа да биде нешто што ќе може да го видат соседите?
Ќе купи Мерцедес. Ова е многу удобно возило, а секако и многу квалитетно изработено, па затоа најчесто овој тип на мерцедеси можеме да ги видиме и како такси возила.
Ауди 80
Нема што многу да се каже за овој автомобил, освен дека е релативно евтин за возење и одржување. Исто така, забавен е за возење бидејќи има прилично јак мотор од 2,3 кубика.
Лада Нива
Ова е иконата на ловџиите и селаните што живеат на планина, а имаат малку повеќе средства па не мораат да се снаоѓаат со Југо. Настрана сите шеги, Лада Нива е навистина издржливо возило и може да се искачи и на најнедостапниот терен заради краткото меѓуоскино растојание и тенките гуми кои се пробиваат низ калта.
Бонус возило: Кое било BMW од деведесеттите
Овие автомобили се обожувани од гангстерите и „спонзорушите“, но исто така и од тркачките ентузијасти. Една поговорка вели: „Жената може да ти е од село, но кучето и колата мора да ти се од Германија“.
Колку и да се шегуваме, BMW е многу почитувано возило и тоа со причина. Исто така, нивната цела секојдневно паѓа, па сè повеќе возачи се решаваат да ги купат на старо.
(О)Милена | Црнобело