Следна генерација на Opel Corsa ги носи најдобрите технологии во малите автомобили
- Револуционерно: следниот мал автомобил на Opel ќе биде со IntelliLux LED® matrix светла
- Адаптивно: Пионерската технологија за осветлување без отсјај како kaj Astra и Insignia
- Пријател на околината: Шестата генерација на Corsa со електрична верзија со батерија
- Достапни: Opel ја нуди најдобрата технологија за секого веќе од 1899 година
Риселсхајм. Opel годинава ќе ја претстави шестата генерација на Corsa. Започнувајќи со првиот модел во 1982 година, Corsa досега е продадена во повеќе од 13,5 милиони примероци. Следната генерација ќе донесе револуција во осветлување на мали автомобили: повеќекратно наградуваната IntelliLux LED® matrix технологија на осветлување. Новоразвиената Corsa ќе го прикаже прв пат адаптивниот систем за предни светла со флексибилно светло кое ги импресионираше експертите и клиентите од своето претставување на сегашната генерација на Opel Astra (Европски автомобил на годината за 2016). По нивното претставување во компактната класа, matrix фаровите (кои најчесто се наоѓаат само кај скапите премиум автомобили) ќе се појават за прв пат во многу популарниот пазарен Б сегмент - најголемиот во Европа. Уште една демонстрација на демократизацијата на технологијата од Opel - возбудлив, пристапен, германски бренд.
"Ние годинава прославуваме 120 години автомобилско производство и тоа се 120 години полни со иновации за сите", изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. "Отсекогаш сме правеле врвни технологии достапни за сите. Тоа е нашата мисија и мотивација и се однесува особено на модел кој е популарен како Opel Corsa. Затоа ќе ја опремиме следната генерација на нашиот бестселер со најдобрата технологија на осветлување - IntelliLux LED® matrix фарови".
Клиентите и експертите веќе се ентузијасти за технологијата на IntelliLux LED® matrix осветлувањетo што ја има во предводниците на моделите на Opel, Insignia и компактните автомобили, Astra. Во Европа, 20 проценти од возачите на Astra и 60 проценти од корисниците на Insignia го нарачаа овој иновативен систем. Околу 90.000 нови автомобили на Opel се опремени со matrix технологија што влегуваат на европскиот пазар годишно. Matrix предните светла автоматски и постојано се прилагодуваат на сообраќајната ситуација и околината. При приближување до други возила или до оние што се пред вас, едноставно се "отсечени" од осветлената област. Блесокот е минимизиран и возачите имаат оптимална видливост - како што наскоро ќе биде случај со новата генерација на Opel Corsa.
Електрификација: Новата Opel Corsa ќе биде вистински електричен автомобил
Opel ќе ги отвори нарачките за два нови електрифицирани модели во првата половина од 2019 година - за електричната верзија со батерија на следната Corsa, како и за Grandland X SUV како plug-in хибридно електрично возило. "Opel е електричен!", изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер. "Тоа го објавивме на презентацијата на нашиот PACE! стратешки план во ноември 2017 година, а сега ние го исполнуваме".
Особено Corsa ќе му даде дополнителен импулс на Opel оваа година. Бестселер, чија прва генерација ја направи својата светска премиера пред 37 години, ќе биде достапна за прв пат со чисто електрична варијанта. Лохшелер ветува дека цените ќе бидат конкурентни: "Со новата Corsa ќе ја направиме електричната мобилност достапна за многу клиенти - тоа ќе биде вистински електричен автомобил за луѓето"