Возете внимателно

vozete-vnimatelno-povekjeСекако дека сте одличен возач, но вашите способности не се надчовечки. За време на возењето треба да се концентрирате исклучиво на возењето. Не, не сме...

 

...полицаец кој ќе ви мудрува само ќе споделиме неколку совети кои можеби ќе ви бидат од корист.

vozete-vnimatelno

1. Избегнувајте да јадете додека возите. Нека не ви го одвлекува вниманието вкусниот сендвич или помфрит.

2. Да, си купивте мониторче за во автомобил. Не ли мислите дека гледањето тв и вести треба да го оставите за 10 минути подоцна кога ќе стигнете дома. Телевизорот нема да ви побегне.

3. Радио. Менувањето ЦД-а знае многу чест да ви го одвлече вниманието. Доволна е секунда за беља.

4. Облекување и пресоблекување. Да – и ова го има! Спастрете се пред да влезете во автомобилот.

5. Возење и пиење. Секоја личност со здрав разум го избегнува ова. Најсигурен начин да го загрозите сопствениот и животот на останатите во сообраќајот.

6. Расправање. Колку пати сте забележале невнимателни парови кои ги решаваат љубовните проблеми додека се возат во автомобил? Зачувајте ги проблемите за поинтимно место каде нормално ќе можете да поразговарате.

7. Зборување на мобилен. Освен што сега е и казниво со закон не ви препорачуваме да телефонирате додека возите. Да, често пати голем дел од работното време го поминувате во автомобил, но и казните се соленки.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg