Калашников направи прототип на електричен автомобил којшто ќе биде конкуренција на Тесла
Рускиот производител на оружје, најпознат по легендарната пушка АК-47, направи концепт прототип електричен автомобил, за којшто се надева дека ќе биде конкуренција на Тесла.
Дизајнот на светло синото ретро возило е базиран на автомобил од 1973, Комби 2125 од советскиот производител ИЖ.
Прототипот на Калашников е наречен CV-1 и најавено е дека ќе може да помине 350 километри со едно полнење на батеријата, а ќе може да развие од 0-100 км/ч за 6 секунди.
Од Калашников се надеваат дека барем ќе можат да одржуваат чекор со Тесла, како моментално најдобар производител на електрични возила.
Најевтиниот модел на Тесла може да помине барем 5 километри повеќе со едно полнење и развива од 0-100 км/ч за помалку од 5,6 секунди. Спортскиот автомобил, роудстерот на Тесла, ја развива истата брзина за само 1,9 секунди.
Инаку, оваа година во трката со Тесла се вклучија и BMW со целосно електрична варијанта на Мини Морис, а догодина се очекува во трката да се вклучи и Волво.
(О)Милена | Црнобело