Како автомобилот што го возите ви го издава карактерот?
Дали имате бел, црн, жолт или можеби црвен автомобил? Дали тој е голем или мал? Каков е вашиот стил на управување со возилото?
Експертите тврдат дека карактерот на една личност може да биде проценет според работите кои го опкружуваат, а една од нив е автомобилот.
Изборот на автомобилот говори многу за карактерот на личноста што го вози.
Што кажува вашиот автомобил за вас:
Големина на автомобил
Постои мислење дека со големи автомобили се опседнати луѓе кои патат од комплекси, но вистината е поинаква.
Зад воланот на овие автомобили најчесто седат самоуверени мажи и жени. Тие се независни, сакаат авантури и ја обожаваат својата слобода
Луѓето што сакаат мали автомобили се чувствителни и практични. Тие не бркаат статус, тие се природни и внимаваат да не ѝ причинат штета на животната средина.
Стил на возење
Научниците тврдат дека луѓето кои возат бавно и безбедно се отворени луѓе со добра душа и стабилен нервен систем. Колку е посмирена личноста при возењето, толку поголема доверба во неа можете да имате во животот. Тие се вистински алтруисти.
Агресивните возачи кои прават ризични маневри се импулсивни луѓе кои го акумулираат стресот и неретко се анксиозни.
Цена
Стереотипот дека колку е поскап автомобилот, толку посебично се однесува личноста на патот не е далеку од вистината.
Истражувањата покажуваат дека сопствениците на екстра скапи автомобили најмногу се фокусирани на своите потреби. Не се грижат за туѓото мислење, сами ги поставуваат правилата и целат кон авантури. Тие се луѓе со возбудлив карактер и се многу самоуверени.
Од друга страна, сопствениците на поевтини автомобили се позагрижени за доброто на другите, отколку за своето добро, и го почитуваат законот.
Боја на автомобил
Најпопуларна боја на автомобил е црната и таа ја рефлектира желбата на сопственикот да ја нагласи својата внатрешна сила, но едновремено да остане безбеден.
Бела боја на автомобил бираат луѓето склони кон перфекционизам.
Сината боја говори дека возачот најверојатно е разумна личност, екстроверт и оптимист. Жолтата боја говори дека возачот има добра смисла за хумор, а црвената, спротивно на верувањата, не говори за наметлив возач, туку таа предизвикува агресивни реакции кај другите возачи.
Однесување зад воланот
Дали сакате да зборувате со пријателите додека возите, дали бирате радио станица и се гледате на огледалото?
Овие навики кои ви го одвлекуваат вниманието од возењето, говорат дека сте пријателски настроена личност, но едновремено се опасни за вас. Најголем дел од сообраќајните незгоди се случуваат токму поради нив.
Поза зад воланот
Нормално е кога почетниците ги држат стеганто рацете и се исправени до ветробранското стакло, но кога ова го прави искусен возач посочува на песимист, кој не е сигурен во себеси.
Возачите кои го грабнуваат воланот со двете раце се родени лидери и им се голема поддршка на другите.
Оние кои возат со една рака се луѓе со позитивен став кон животот, кои сакаат авантури и оптимизам.
Хигиена во автомобил
Автомобилот не е само превозно средство, туку потсвесно е и втор дом на неговиот сопственик, па затоа хигиената во него кажува дали станува збор за одговорна личност, која се грижи за другите.
Хаосот во автомобилот говори за несозреана личност кој не е многу одговорна во животот, додека совршениот ред говори за перфекционист и личност која создава силни врски со другите.
С. С. | Црнобело