Прва помош за минусни температури: Направете си спреј за одмрзнување на стаклата на автомобилот

Одмрзнувањата на стаклото на автомобилот е должност која посакуваме да ја немаме во зима, посебно кога брзаме за на работа.

prva-pomos-za-minusni-temperaturi-sprej-za-odmrznuvanje-na-staklata-na-avtomobilot-001.jpg

Тврдиот слој мраз нè тера да ги мразиме ниските температури, а во тие моменти само посакуваме да имаме магично стапче кое топи мраз и ништо повеќе.

Магичното стапче можеби не е реално, но затоа постои рецепт за спреј кој може да ви ја заврши истата работа.

Потребни состојки:

  • Шише со распрскувач
  • 1dl медицински алкохол (70%)
  • 5-6 капки детергент за садови
  • 4dl топла вода

Постапка:

Во шишето со распрскувач ставете го прво алкохолот, потоа капнете од детергентот и на крај додадете ја топлата вода.

Затворете, протресете и тргнете во акција.

По првото отстранување на мразот, течноста уште некое време ќе го штити стаклото од замрзнување.

prva-pomos-za-minusni-temperaturi-sprej-za-odmrznuvanje-na-staklata-na-avtomobilot-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg