Купување нов автомобил: Зошто вашиот прв избор треба да биде KIA Cee’d?
Сте се запрашале ли кој е вашиот автомобил од соништата? Квалитетен, луксузен, но истовремено економичен и во црвена боја?
Без грижа, достапен е во 10 различни бои, а ова е единственото нешто за кое треба да одлучите, бидејќи сè останато за коешто ќе треба да доплатите кај поскапите конкуренти овде е дел од полната сериска опрема.
Со KIA Cee’d ќе добиете автомобил кој е помеѓу најевтините, а најквалитетните во својата класа. Ќе добиете простор и функционалност што ги овозможуваат петте врати.
- KIA Cee’d располага со 1.4 MPi бензински мотор кој развива 100 коњски сили, има 6-степен менувач, а потрошувачката на гориво му е 4,9 литри на сто километри на отворено или само 6 литри на сто километри низ градските улици.
- Опремен со најнова технологија почнувајќи од 6 воздушни перничиња, целосен ECS (EBD-ABS + BAS + TCS + HAC + VSM + ESS + TPSM), клима уред, аудио систем со CD, Mp3, USB, AUX и 6 звучника, Bluetooth, патен компјутер, задни и предни светла за магла, па сè до алуминиумски бандажи, KIA Cee’d е совршен спој на дизајн, економичност, удобност и комфор.
Доколку довербата и парите ги вложите во KIA автомобил ќе добиете многу повеќе од она што го нудат поскапите конкуренти, а згора на тоа и најдолга гаранција од дури 7 години.
Синоним за успешна приказна
KIA е најдобар доказ дека успехот e неизбежен кога се работи напорно во насока на секојдневно подобрување на квалитетот, а обичното име добива статус на моќен бренд на кој може да му верувате.
Од првиот произведен модел на KIA Cee’d во 2006 година, па сè до денес, продадени се повеќе од милион модели.
Порастот на корејската автомобилска индустрија е една од најдолгите и најуспешни приказни за индустријата во последната декада. Развојот на оваа индустрија во Кореја може да се мери рамо до рамо со развојот на Google, Apple и Facebook.
Од скромна компанија којашто порано беше поим за евтино, денес KIA е компанија со изграден имиџ кој е синоним за луксуз и економичност во едно.
Понудата којашто ја нуди автомобилскиот производител во своите модели, меѓу кои и најпопуларниот Cee’d е толку атрактивна што моделот котира високо на сите листи, па и на оние со поскапите конкуренти чии основни верзии се најмалку 1.000 евра поскапи од верзијата на Cee’d со полна опрема која ви следува сериски.
Зошто токму KIA Cee’d и од каде потекнува идејата за името?
Историчарите коишто се занимаваат со автомобилската индустрија го сметаат KIA Cee’d за автомобил којшто е револуционерен по тоа што е единствен кој успеал истовремено успешно да конкурира и на јапонскиот и на европскиот пазар, рамо до рамо со локалните лидери во автомобилските индустрии.
Од таму потекнува и невообичаеното име на KIA Cee’d. Името е спој од францускиот назив за Европската Унија (CE) и називот на развојниот проект за овој автомобил (ED).
На што се должи успехот на Cee’d?
Луѓето најчесто се жалат на монотониот изглед на автомобилите коишто припаѓаат во класата на KIA Cee’d, односно на фактот дека сите конкурентски автомобили личат еден на друг.
Ова се должи на фактот што класата ги ограничува должината на возилото и јачината на моторот, а со тоа и целосниот изглед донекаде.
Сепак Cee’d успеа да создаде изглед поразличен од оној на своите конкуренти кои се плашеа да ја променат надворешноста за да не ги изгубат редовните купувачи. Со овој храбар чекор, KIA Cee’d направи нешто сосема ново и успеа да ги освои оние коишто се во потрага по динамичен, возбудлив и модерен автомобил.
Денес, доколку поседувате KIA Cee’d луѓето ве доживуваат како некој што сака да испробува нови работи, да биде модерен, а истовремено и како некој што знае мудро да инвестира и што сака да добие повеќе за своите пари.
Па, зошто да не станете горд сопственик на KIA Cee’d уште денеска?
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк.
(О)Милена | Црнобело