Новиот ŠKODA KAROQ ја освои наградата Златен Волан

Магазинот за автомобили „Auto Bild“ и весникот „Bild am Sonntag“ го наградија новиот ŠKODA KAROQ со Златен Волан за 2017 година. Читатели од повеќе од 20 европски земји го дадоа својот глас во финалето за KAROQ во категоријата за мал SUV. На крај, панел од експерти го прогласија новото возило на SKODA за победник после бројни предизвикувачки тестирања.

noviot-koda-karoq-ja-osvoi-nagradata-za-zlaten-volan-01.jpg

„Со новиот KAROQ, кој постави нови стандарди во многу области , ние континуирано се движиме напред со нашата успешна SUV кампања“, изјави Кристијан Штурбе, член на одборот за технички развој на SKODA AUTO. „Јас сум исклучително задоволен со нашето ново возило кое се покажува одлично. Златниот волан покажува дека со новиот KAROQ , ние нудиме атрактивен целокупен пакет во компактната SUV категорија“, додаде Штурбе.

Наградата Златен Волан е една од најпосакуваните награди. Оваа година за наградата се натпреваруваа 42 модели во различни категории; мали и компактни возила, мал SUV, голем SUV, средна и бизнис класа, како и спортската класа на автомобили.

SKODA KAROQ се натпреваруваше за наградата во класата за мал SUV, во чиј избор учествуваа 12 возила, најмногу од сите категории. Најпрво, читателите на „Auto BIld“, „ Bild am Sonntag“ и нивните публикации во повеќе од 20 европски земји, гласаа за својот фаворит во секоја категорија. За време на исцрпните тестирања во северна Италија, финалистите беа оценувани од 53 експерти, вклучувајќи тркачки возачи, инженери, познати личности, дизајнери, како и уредници на водечките европски автомобилски магазини.

noviot-koda-karoq-ja-osvoi-nagradata-za-zlaten-volan-02.jpg

Во препознатлив стил на SKODA, новиот KAROQ ги импресионираше експертите со своите квалитети, како што е комфорот и големиот простор во ентериерот. Во продолжение, панелот од експерти ја награди конективноста на KAROQ, со најновиот инфо-забавен систем со екран чувствителен на допир. Потполно новиот KAROQ претставува првото возило на SKODA кое нуди целосно прилагодлива дигитална инструмент табла. Благодарение на LTE модул и Wi-Fi hotspot, патниците во SKODA KAROQ ќе бидат постојано online. Исто така, компактниот SUV ги импресионираше експертите со моќноста и економичноста на моторите, како и врвната шасија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg