Зошто во некои земји се вози на левата страна од патот?
Околу 35% од светската популација возат на левата страна, но зошто? За тоа постои сосема добра причина.
Во минатото речиси секаде се патувало на левата страна од патот, бидејќи тоа било најбезбедна опција кога општеството било по природа понасилно отколку сега.
Плус, во битките на витезите, бидејќи речиси сите биле деснораки, преферирале да бидат насочени на левата страна, за мечот да биде поблиску до непријателот.
Но, во 1700-те, во Франција и Америка, фармерите возеле големи приколки кои немале седиште. Наместо тоа, возачот седел на левиот коњ за полесно да може да ракува со десната рака.
Во 1752-та година, императорката Елисавета Петровна официјално вовела закон сообраќајот да се одвива на десната страна од патот.
По француската револуција, и во Франција, аристократите започнале да се движат на десната страна за да се помешаат со селаните, а дотогаш патувале на левата страна до патот.
Во 1793-та година и во Данска почнало да се вози на десната страна.
Возењето на лева страна останало традиција во Британија и нејзините колонии.
Н. Г. | Црнобело