Неквалитетни гуми и лошо возење - ризик не само по Вашиот живот, туку и на останатите во сообраќајот
Често се заборава дека гумата е единствениот контакт со патот. Разбирливо е дека нејзиниот квалитет и исправност имаат пресудно влијание на безбедноста; и обратно – неквалитетна и неисправна гума – е како темпирана бомба, која го чека најчесто најнеповолниот момент.
Под влијание на економските фактори, кои не притискаат да набавиме што поефтино – честопати при набавките на гуми се прават огромни компромиси со квалитетот. Се избираат гуми со лоши возни својства - лоша управливост, кочење и век на траење. Но исто така, како оправдување за своите постапки, возачите честопати сакаат да замижат пред појавите кои гумата никогаш нема да ги заборави, а тоа се: брзите забрзувања, ненадејните кочења, преголемата брзина во завоите, брзото возење, ударите во дупка, рабник, плочник или камен, несоодветен притисок во гумите (пренизок или превисок), носење поголем товар од оној за кој гумите се соодветни, итн.
Невидливите оштетувања се акумулираат и ќе се покажат после извесен период, за жал можеби во најнезгоден момент.
Сообраќајните експерти советуваат да се изберат гуми кои ќе бидат соодветни за автомобилот и на временските услови, односно да се користат летни гуми во летен период, и обратно.
Тие, исто така истакнуваат дека се многу важни честите проверки на гумите и тоа: контрола на нагазниот слој и притисокот во пневматиците, контрола на центрирањето, како и да не се заборави да се направи ротација на гумите, со цел да се продолжи нивниот животен век. Ротацијата се препорачува на секои поминати 8.000-10.000 километри, со цел нивно рамномерно трошење.
Доколку опасните места не можете да ги избегнете возете споро и под прав агол. Почитувајте ја најголемата дозволена носивост, вклучително и притисокот на влечната кука на приколката која ја влече возилото.
Гумите кога се во добра состојба даваат сигурност и стабилност во возењето, овозможуваат навремено да се закочи и брзо да се реагира особено во отежнати временски услови.
Повеќе на kupiguma.mk
Добриот квалитет на гумата гарантира и поголема отпорност кон погореспоменатите настани — кои многу често не е возможно да бидат избегнати, колку и да е вешт, совесен и информиран возачот. Најдобро е да се обратите во овластена компанија, која ќе може да Ве советува при набавката на гуми, која ќе Ви даде реална информација за нивото на квалитет на одреден бренд, и која ќе стои зад гаранцијата на квалитетот на гумата која ќе ја изберете.
Во компанијата Транзит дооел која e една од првите фирми во Македонија која се занимава со увоз, дистрибуција и малопродажба на пневматици на територијата на Македонија, и која е овластен увозник за Македонија на пневматиците од програмата на GOODYEAR групацијата: Goodyear, Dunlop, Fulda, Sava, можете да купите квалитетни гуми по поволна цена, да закажете бесплатна проверка, како и промена на пневматиците, а зимските гуми да Ви ги чуваат. Од вработените, кои знаењето го црпат од 24-годишното искуство на компанијата, може да ги добиете најдобрите совети и препораки, независно дали Ви требаат патнички, полутеретни или теретни пневматици.
Јавете се на 02 3117 010, 075 284 607, 071 392 550; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на Facebook.