Кои 10 автомобили најмногу се крадат?
Во текот на 2014-та година во Германија биле украдени 17.895 автомобили, бројка која ги покажува само официјалните статистики заедно со податоците од осигурителните друштва.
Крадците секогаш се привлечени од скапите модели кои чинат многу повеќе од автомобилите со просечна цена од околу 15.000 евра.
Сепак се чини дека постојат одредени модели кои крадците ги претпочитаат.
Според статистиките ова се 10 автомобили кои се најчеста мета на крадците во Европа:
1. Range Rover 3.0 TD
Сопствениците на овој автомобил имаат најмногу причини да спијат на едно око. Крадците едноставно го обожаваат. Ако земеме предвид дека од илјада барања за надоместување на штета, 57 се заради кражба, тогаш сосема ви е јасно зошто се наоѓа на прво место. Цената која осигурителните друштва ја исплаќаат за кражба на овој модел во просек изнесува околу 73.090 евра.
2. BMW X 6 Xdrive 40 d
На илјада осигурени BMW X 6 Xdrive 40 d модели, 27 ќе бидат украдени. Просечната цена која ја исплаќа осигурителното друштво е 42.477 евра.
3. Toyota Lexus RX350
На илјада осигурени возила од овој модел, минатата година биле украдени 17. Осигурителните друштва и за ова возило имаат висока цена на исплата која се движи околу 45.974 евра.
4. Toyota Land Cruiser 3.0 d
Ако сте сопственик на овој модел на автомобил имајте предвид дека на илјада осигурени возила, 14 ќе бидат украдени. Осигурувањето за ваквата штета исплаќа околу 37.290 евра.
5. Audi S5 4.2 FSI
За сопствениците на овој модел статистиката е малку подобра. На илјада осигурени возила, украдени биле 11, за што осигурителните друштва исплаќаат надоместок од 32.842 евра.
6. BMW X 5 / X 6 3.0 SD
Овој модел е загрозен исто колку и претходниот, односно на илјада возила украдени биле вкупно 11. За овој модел надоместокот кој осигурителните друштва го исплаќаат изнесува 37.948 евра.
7. Audi RS5 4.2
10 вакви автомобили завршиле во рацете на крадците од илјада осигурени во текот на минатата година. Цената која осигурителните друштва ја исплаќаат на тажните сопственици изнесува 50.841 евра.
8. Audi S4 avant 3.0
Се чини дела „Audi“ е омилената марка меѓу крадците. Исто како и претходниот модел и за овој модел 10 од илјада осигурени автомобили ќе завршат во рацете на крадците. Сепак цената која осигурителните друштва треба да ја платат е малку пониска – 29.434 евра.
9. Volkswagen T4 Caravelle, Multivan 2.5 TDI
Со 9 украдени автомобили на илјада осигурени овој модел се наоѓа на деветтото место на листата на најкрадени автомобили. Сумата која осигурителните друштва ја исплаќаат како обесштетување изнесува 12.800 евра.
10. BMW 535 D
На последното место на листата се наоѓа „BMW 535 D“ чија бројка на украдени возила на илјада осигурени изнесува 10. Исплатената сума како обесштетување на овој модел изнесува 18.276 евра.
М. С. | Црнобело