Renault го дизајнираше првиот еколошки „ѕвер“ автомобил

Renault пријатно ги изненади сите присутни на овогодинешниот „Paris Motor Show“ кога го откри Trezor - новиот електричен автомобил, кој е совршена симбиоза на едноставноста, топлината и сензуалните линии на брендот со последните иновации на внатрешното уредување.

reno-sozdade-vistinski-zver-od-avtomobil-trezor-gi-osvoi-simpatiite-na-site-001.jpg

Овој автомобил може да се пофали не само со футуристичкиот дизајн, туку и со брзината.

Моќта на електричниот мотор му овозможува на Trezor постигнување на брзина од 0 до 100 km на час за помалку од 4 секунди.

Црвената боја е доминантна во внатрешноста на автомобилот, а акцентот на ентериерот е насочен на висококвалитетни материјали, вклучувајќи дрво и кожа.

Trezor е опишан како „мазен и свилен“ во предниот дел, а каросеријата со ефект на огледало му дава динамичен карактер.

Задниот дел пак, е опремен со хексагонални панели, со цел да се истакне спортскиот темперамент на автомобилот.

Renault Trezor нуди уште едно изненадување кога ќе влезете во него - табла од црвено дрво под која се крие багажниот простор во предниот дел на возилото.

Патувањето во него е форма на чиста уметност и стил.

Едно е сигурно - апсолутно секој би посакал ваков автомобил.

Погледнете го новиот „ѕвер“ на Renault:

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg