Опција на автомобилите за која мал број на луѓе знаат, а ќе ви помогне при полнењето гориво
Се случило на сите оние кои возат автомобил – влегувате на бензиска станица да наполните гориво, го вадите клучот, излегувате од автомобилот и сфаќате дека капачето за полнење на гориво е на другата страна.
Можеби повеќето искусни возачи би рекле дека ова и не е така голем проблем – поседувате еден или два автомобила кои ги возите постојано и сигурни сте дека знаете точно каде се наоѓа капачето за полнење на гориво.
Но, реалноста е дека на секому може да му се случи, а поголемиот дел на возачи воопшто не се свесни дека оние кои го произвеле автомобилот додале помошна алатка по која секогаш можете да знаете на која страна е капачето.
Ја гледате малата стрелка на иконата која покажува колку гориво имате? Насоката на стрелката покажува на која страна се наоѓа капачето за полнење на гориво.
Ова може да ви биде особено корисна алатка при изнајмување на автомобил.
Но, не сите возила ја имаат оваа стрелка. Кај постарите автомобили може да изостанува овој показател, но новите автомобили со сигурност ја имаат стрелката.
Н. Г. | Црнобело