Уникатно ферари по нарачка
Во својата 62-годишна историја, Ferrari секогаш сакал да им угоди и имал специјален третман на некои муштерии, оние кои биле традиционални купувачи и...
...колекционери, што подразбира дека имаат и премногу пари.
Еден од тие многу специјални муштерии е и американецот Edward Walson, чиј татко ја измисли и патентира кабловската ТВ.
Негова желба е да има навистина уникатен Ferrari, можеше тоа да го плати и по порачка му направија Ferrari P540 Superfast Aperta.
Основа е моделот 599 GTB Fiorano и во Maranello им биле потребни 14 месеци да го комплетираат. Има мотор V12 од 5.999 кубици кој дава 620 к/с на 7.600 вртежи во минута.
Менувачот е 6 брзински F1. Долг е 4,731 м., широк 1,954 м. а висок 1,300 м.
Предните гуми се 245/35 20", а задните 305/35 20". Во комбинирано возење троши 17,9л/100 км., а емисијата на CO2 е 415 г/км. Овој купе кабриолет е полесен за околу 20 кг. бидејќи доста делови се од карбон фибер.
Дизајнот е на студиото Pininfarina, возилото ги има поминато сите тестови за безбедност, има хомологизација и може легално да се вози.
Епа погледнете го како изгледа убавецот.