Мотор со приколка
François Knorreck, француски моторџија, покрај возењето мотори е и голем љубител на “направи сам“ делата, а кога нешто ќе му падне на памет, не го...
...остава додека не го реализира.
Моторот од марката Laverda, со 1.000 кубици, тој го купил во 1976 година, го опремил спортски и го возел се до 1993 година кога смислил нов проект.
Откако потрошил 10.000 работни часови и целото слободно време во изминатите 10 години, 15.000 евра, Knorreck станува горд сопственик на Snaefell Laverd Sidecar проектот - единствена интеграција на спортски мотоцикл со спортска приколка која изгледа многу подобро од многу скапоцени автомобили.
Делови користел од секаде (renault, citroen, BMW, VW, audi). Вратите се отвараат како кај Lamborghini, на патниците им е на раполагање комфор како во лимузина, а само возачот како прав моторџија е изложен на надворешните влијанија.
Погледнете како изгледа овој мотор со приколка.