Емоционална, модерна, динамична: Škoda Fabia ја освои престижната „RED DOT“ награда

Престижната награда заслужено и припадна на новата Škoda Fabia. Целосно обновениот мал автомобил се здоби со многу посакуваната награда „RED DOT“ благодарение на својот исклучителен дизајн. „RED DOT“ наградите се доделуваат еднаш годишно ниво од страна на меѓународното жири составено од експерти во областа.

emocionalna-moderna-dinamicna-skoda-fabia-ja-osvoi-prestiznata-red-dot-nagrada-01.JPG

Оваа година беа поднесени вкупно 4928 апликации од 1994 производители од 56 земји. „RED DOT“ за дизајн на производ е најголемиот и најпознатиот меѓународно признат светски натпревар. Третата генерација на Škoda Fabia сега е осмиот модел од ŠKODA кој ја освои оваа награда.

Новата Škoda Fabia на македонскиот пазар достапна е од март 2015, целосно новата Fabia со себе носи многу емоции има моќна појава и со тоа ги освои симпатиите на стручното жири. Со својот остар дизајн, популарниот мал автомобил сега е поспортски, поуникатен и поекспресивен, а се карактеризира од избалансирани пропорции, чисти форми и остри линии. Новата Škoda Fabia е мал автомобил со силен карактер; страстен, модерен со многу можности за индивидуализација. Новата Škoda Fabia е првиот автомобил од сериско производство во кој се вградени дизајнерските спортски елементи од концепт автомобилот Škoda VisionC.

Новиот дизајнерски јазик на Škoda, исто така, го освои жирито на „RED DOT“. Новата Fabia помина детален преглед кој го прави 38-члената комисија составена од експерти, професори за дизајн, дизајнери и новинари од 25 земји. Тие го оценуваа дизајнот на возилото врз основа на однапред утврдените критериуми, како што се степенот на иновација, функционалност, ергономијата и издржливост. Еколошката компатибилност исто така беше дел од севкупната оцена.

"Новата Fabia е подинамична, со цврст карактер и е најемотивната Fabia досега", изјави главниот дизајнер на  Škoda Јозеф Кабан и додаде „Ние сме среќни што новиот дизајнерски јазик подеднакво им се допаѓа и на експертите и на нашите клиенти. Освојувањето на наградата RED DOT   потврдува дека сме на вистинскиот пат кога станува збор за новиот дизајн на Škoda."

Покрај прекрасниот дизајн, Škoda Fabia поставува стандарди во својата класа во поглед на технологијата и функционалноста. Малиот автомобил е исклучително пријателски настроен кон природата и се одликува со врвна технологија својствена за повисоките класи. ŠKODA е добро позната по натпросечната пространост, која е најголема во сегментот на мали автомобили како и по високото ниво на практичност, благодарение на вкупно 19 едноставно паметни решенија.

Со совршен спој на емоции и функционалност автомобилот доминира на пазарот. Откако беше лансирана на пазарот испораките на новата Fabia  се зголемија за 11,7% во Западна Европа и 32,7% во Централна Европа.

Осум пати досега брендот ŠKODA ја освојува наградата RED DOT. За прв пат ŠKODA Octavia Combi ја освои оваа награда во 2006 година. Во 2007 година посакуваната награда отиде кај ŠKODA Roomster, во 2008 година втората генерација Škoda Fabia ја освои престижната наградата. Во 2010 година два модели на Škoda триумфираа на RED DOT наградите: победници тогаш беа Škoda Yeti и Skoda Superb Combi. Во 2013 година ŠKODA Rapid се закити со наградата за дизајн на производ, конечно минатата година ŠKODA Рапид Spaceback ја освои истата награда.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg