Апликација MyOpel – сервис во џеб

По успешното лансирање на порталот MyOpel, компанијата Opel припреми уште една погодност за своите корисници - апликацијата MyOpel.

aplikacija-myopel-servis-vo-dzeb-01.jpg

Порталот MyOpel ви ги овозможува сите предности на оригиналниот сервис на  Opel на Интернет. Целта на порталот е да го олесни сервисот како за клиентите, така и за дилерите на Opel. Порталот MyOpel, меѓу останатото, нуди и:

  • Онлајн барање за сервисирање: закажување сервис преку Интернет.
  • Локатор на дилери: избирање на најблискиот дилер и/или дилер кој нуди сѐ што е потребно.
  • Профил на вашиот Opel: содржи важни податоци за автомобилот, како и за сервисното минато.
  • Потсетник за сервис.
  • Билтен со вести и новости од Opel.
  • Персонализирани понуди за секој клиент, како и многу атрактивни попусти за додатната опрема и сервисот.

Благодарејќи на апликацијата MyOpel, сопствениците на возила Opel сега имаат можност, во секој момент, каде и да се, да ги користат сите предности на оригиналниот сервис на Opel, како и да уживаат во голем број на корисни услуги.

Автоматскиот потсетник се грижи за времето на вашиот редовен сервис, а само неколку кликања се доволни за да закажете термин во најблискиот овластен сервисер на Opel.

Апликацијата ги чува информациите за вашето комплетно, индивидуално минато, со што е можно од едно место да се пристапи до сите релевантни информации за возилото. Големиот број на дополнителни услуги овозможуваат поддршка и во градското возење и на подолги патувања, од лоцирање на местото каде што е паркиран автомобилот и мерење на преостанатото време за паркирање, до директен повик, со еден клик, до службата за грижа за возила на Opel.

Исто така, апликацијата овозможува пристап до најновите вести и понуди од Opel, како и персонализирани понуди и атрактивни попусти направени според вашите индивидуални потреби.

Апликацијата е соодветна за оперативните системи Android и iOS, а може да се прземе бесплатно од веб-страницата myopel.rs.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg