Audi го претстави новиот R8

audi-go-pretstavi-noviot-r8.jpg

Нема модел од производство на брендот со четири прстени кој е толку блиску до мото спортот, толку впечатлив и динамичен. На автомобилскиот саем во Женева, Audi ја претстави втората генерација на R8 спортскиот автомобил со врвни перформанси.

V10  моторот и новиот quattro погон нудат неверојатни перформанси, со 449 kW / 610 КС, автомобилот забрзува  од 0 до 100 km/h за само 3,2 секунди. Максималната брзина изнесува 330 km/h.

„Мотоспортот е во гените на Audi, тој секогаш бил дел од карактерот на нашиот бренд“, изјави д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор за технички развој во Audi AG и додаде:

„Со новиот Audi R8, нашите инженери го носат акумулираното знаење и искуство од тркачките патеки на патот. Нема друг модел кој буди повеќе емоции и возбуда. Затоа новиот R8 V10 плус е најмоќниот и најбрзиот сериски Audi модел на сите времиња. Благодарение на соработката меѓу инженерите, тркачите и одделот за развој, Audi R8 видно ги зголеми перформансите.“

10 цилиндричниот 5.2 FSI мотордостапен е во две верзии едната со 397 kW / 540 КС и по спортската со 449 kW / 610 КС. Помоќниот мотор забрзува од 0 до 100 km/h  за само 3,2 секунди и ја достигнува максимална брзина од 330 km/h.

Фасцинантниот звук од V10 моторот, кој има максимален вртежен момент од 6500 rpm, сега е уште поостар.

Автоматскиот 7 степен S-Tronic менувач и новиот Quattro погон ја пренесуваат моќта на патот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg