Новиот Passat е „Автомобил на годината“ за 2015
Европски „Автомобил на годината за 2015“ е Volkswagen Passat. Новиот модел ја освои престижната награда, која се доделува секоја година од страна на меѓународното жири. Победникот беше прогласен во попладневните часови пред отворањето на меѓународниот автомoбилски саем во Женева.
"Ние сме исклучително горди на оваа награда", изјави д-р Мартин Винтеркорн, извршен директор на Volkswagen AG, за време на доделувањето на наградата и додаде: „Со новиот Passat повторно успеавме, создадовме автомобил кој поставува стандарди во својата класа, особено во поглед на технологијата и квалитетот. Ова признание е огромна потврда за одличната работата на нашите инженери, дизајнери и на целиот тим. Новиот Passat покажува дека брендот Volkswagen има вистински одговори на предизвиците на нашето време".
Хајнц-Јакоб Нојсер, член на управниот одбор на Volkswagen, одговорно лице во секторот за развој, ја прими наградата и притоа изјави: "Ние сме почестени со наградата „Автомобил на годината“ за 2015. Оваа награда има посебно значење за нас, затоа што се доделува од страна на независни меѓународни новинари.
Една од најстарите и најпознатите награди во Европа „Автомобил на годината", која се доделува уште од 1964 година во чест на најдобрите нови автомобили. Жирито, составено од 58 европски автомобилски новинари од 22 земји, номинираше вкупно седум финалисти. Во претходните месеци, финалистите беа детално испитувани и споредувани врз основа на различни критериуми како што се економичноста, комфорот, безбедноста, возните карактеристики, функционалноста, дизајнот и техничкиот напредок. На 52-то издание „Автомобил на годината“, новиот Passat убедливо триумфираше пред неговите шест конкуренти со вкупно 340 освоени поени. Неодамна, два актуелни модели на Volkswagen ја освоија престижната награда, Polo ја освои наградата во 2010 година, а Volkswagen Golf во 2013 година. На наградата „Автомобил на годината" и претходеа наградите „Златен волан " и „Авто Трофеј ". Граѓаните на Македонија на електронското гласање за наградата „Автомобил на Годината“ го избраа новиот Passat. Моделот на Volkswagen освои најмногу гласови дури 39,4% од вкупниот број гласови.
Новиот Passat во својата класа е еден од најуспешните автомобили во светот, со преку 1,1 милиони произведени автомобили. Денес, бестселерот се смета за еден од најиновативните автомобили во светот. Благодарение на напредните технологии, можно беше да се воведе нов динамичен дизајн. И покрај непроменетата должина во внатрешните димензии, новиот Passat значително се прошири.
Новиот Passat со целата своја технологија е толку напреден што ги преминува границите на класата. Покрај новите технологии Active Info Display и head-up дисплејот за возачот, автомобилот поседува и информативно забавен систем наменет за задните седишта кој преку апликација се поврзува со таблет компјутерите, дополнително тука се и системите: City Emergency Braking (безбедносен систем за сопирање во итни случаи во градски услови кој внимава на пешаците), Trailer assist (систем за помош при влечење приколка), Traffic assist (систем за помош во сообраќај) и Emergency assist (систем за помош при итни случаи). Новиот Passat има на располагање 10 турбо мотори со директно вбризгување. Бензинските TSI мотори и дизелските TDI мотори имаат опсег на моќта од 88kW / 120 КС до 206kW / 280КС. Сите овие погонски системи се сосема нови. Потрошувачката на гориво, а со тоа и емисијата на CO2, е намалена за неверојатни 20%.
Кај сите верзии вграден е start-stop системот како и системот за регенерирање на енергијата преку системот за сопирање. Автоматскиот DSG менувач достапен е како опција кај сите погонски системи.
Passat GTE ќе биде првиот Passat со plug-in хибриден погон кој на пазарот ќе биде лансиран кон крај на летото 2015. 1.4 TSI моторот има моќност од 115 kW / 156 КС, а електромоторот произведува 85 kW / 115 КС, максималниот вртежен момент изнесува 400 Nm. Според NEDC стандардот, потрошувачка е помала од 2.0 l/100 km односно 13.0 kWh/100 km; а емисијата на CO2 е помала од 45 g/km. Passat GTE без застанување може да помине 1000 km.