ŠKODA Octavia освои уште една престижна награда

Третата генерација Škoda Octavia сега е подбра и од најдобрата. Уште еден доказ за тоа е и последната награда „Најдобар автомобил“ во компактната класа од увоз.

skoda-octavia-osvoi-uste-edna-prestizna-nagrada.jpg

Читателите на германскиот автомобилски магазин „Auto Motor und Sport" ја избраа новата Škoda Octavia за „Најдобар Автомобил за 2015". Од лансирањето на пазарот, кое се случи на почетокот на 2013 година, до сега бестселерот на ŠKODA освои вкупно 44 национални и меѓународни автомобилски награди.

ŠKODA Октавиа е голем хит на светските пазари. Повеќе од 500 000 возила од третата генерација Octavia им беа предадени на клиентите во целиот свет. Во 2014 година продажбата на моделот се зголеми 8,1%. Во Западна Европа, продажбата се зголеми за неверојатни 22,5%. ŠKODA Octavia е најдобро продаван нов автомобил во Чешката, Унгарија, Финска, Полска, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина и Исланд.

"Octavia, за нас во ŠKODA, е посебен автомобил. Ние многу вложуваме во развојот на овој автомобил. Оваа престижна награда од читателите на магазинот „Auto Motor und Sport" е уште еден доказ дека многу работи сме направиле како што треба“ изјави Винфрид Валанд претседателот на одборот на директори.

Octavia навистина е посебен автомобил, најголем во класата, најбезбеден, со лесна конструкција, практичен, удобен, економичен и еколошки. Целата моделска серија е многу разновидна, повеќе од било кога до сега. Во моментов се произведуваат осум верзии: Octavia  лимузина, Octavia лимузина 4x4, Octavia Combi (караван), Octavia Combi (караван) 4x4, Octavia RS, Octavia G-Tec, Octavia Scout и еколошкиот модел Octavia Greenline. На врвот се наоѓа ексклузивната верзија Octavia L & К.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg