Škoda Fabia - АРТ автомобил
Новата Škoda Fabia повеќе од кога било досега нуди многу можности за прилагодување кога станува збор за боите на автомобилот. Со дури 125 комбинации на бои, речиси и да не постојат граници на желбите на клиентите.
Чешкиот производител сега претставува една посебна, креативна интерпретација на новиот мал автомобил: ŠkodaFabia Street Art. За таа цел, португалскиот уметник Армандо Гомез го претвори возилото во единствено уметничко дело на четири тркала.
"Škoda Fabia е возило полно со емоции со богата опрема и е совршено за модерна, урбана мобилност“, изјави Вернер Еајкхорн член на одборот за продажба и маркетинг и додаде: „Ние сме навистина задоволни од нашата соработка со познатиот уметник Армандо Гомез. Овој свеж и необичен проект покажува дека ние внесуваме многу нови и креативни идеи кај нашиот нов модел“.