Новиот Audi Q7 - спортски дух, ефикасност и врвен комфор
Преку новиот Q7, Audi поставува стандарди во премиум сегментот на спортско корисните возила. Новиот модел е 325 килограми полесен од претходниот модел, а со помалото растојание од подлогата возилото е исклучително агилно. Во исто време, Audi Q7 и понатаму останува најпространиот автомобил во класата. И покрај тоа што надворешните димензии се помали, сепак тој има значително поголем внатрешен простор како за патниците така и за багажот. Со иновативните системи за помош на возачот и забавно информативните системи новиот SUV добива нова димензија. Ефикасните мотори трошат 26% помалку гориво во споредба со претходниот модел.
Д-р Улрих Хакенберг, член на одборот за технички развој изјави: "Новиот Audi Q7 е резултат на нашата компетентност. Со 325 килограми помалку возилото поставува нови стандарди во својата класа. Новиот Audi Q7 е за 26% поекономичен во споредба со својот претходник, а опремен е со најновите системи за помош на возачот, со нов забавно информативен модул и со бројни опции за поврзување."
Со максимална тежина која изнесува 1.995 килограми (кај моделот со 3.0 TDI мотор), новиот Audi Q7 е најлесен во класата. Тој е полесен за 325 килограми од претходниот модел. Со технологијата за лесна конструкција и новата шасија, тој е многу удобен, а во исто време нудат спортски перформанси типични за спортските Audi модели. Инженерите на Audi ја намалија потрошувачката на гориво и тоа за 28% кај бензинските TFSI мотори и за 23% кај дизелските TDI мотори.
Врвните мотори во сегментот имаат спортски перформанси, а доаѓаат и со погон на сите тркала. Моторот 3.0 TDI има моќ од 200 kW (272 КС) додека пак моторот 3.0 TFSI има моќ од 245 kW (333 КС). Бензинската варијанта (TFSI) забрзува од 0 до 100 km/h за 6,1 секунди а моделот со 3.0 TDI дизел мотор забрзува за 6.3 секунди. Дизелскиот агрегат V6 троши во просек само 5,7 литри гориво на 100 km, што одговара на 149 грама СО2 на километар.
Audi Q7 е-tron quattro, кој ќе биде лансиран подоцна, тој ќе биде првиот plug in хибрид од Audi со дизел мотор. Моделот импресионира со своите 275 kW (373 КС) и со вртежниот момент од 700 Nm. Во едно тој е и првиот дизелски plug-in хибриден SUV со Quattro погон во премиум сегментот. Audi Q7 е- tron quattro ќе троши само 1,7 литри на 100 km, а емисиите на CO2 се драстично намалени и тоа помалку од 50 грама на километар. Моделот Q7 е-tron quattro само со електричен погон може да помине 56 километри.