Новата Škoda Fabia ја освои наградата What Car? - Автомобил на годината за 2015
Новата Škoda Fabia, на гламурозното доделување во Лондон, ја освои престижната награда What Car? - Автомобил на годината за 2015 година, а во исто време триумфираше и во категоријата „Најдобар Мал Автомобил“, додека пак новата Škoda Octavia ја освои наградата „Најдобар семеен автомобил“. По втор пат популарниот мал автомобил на Škoda е на врвот, по освоената награда во 2000 година кога триумфираше првата генерација на Fabia.
Новата Škoda Fabia за прв пат беше претставена на автомобилскиот саем во Париз во месец октомври минатата година. Со првата генерација на Škoda Fabia од 2000 година, дури 250 000 Британци го подновија својот возен парк, а во светски рамки беа испорачани 3,5 милиони модели Škoda Fabia.
Достапна со пет врати како и во караванска изведба, кај новата Fabia се воведуваат иновативни безбедносни системи, системи за помош на возачот и забавно информативни системи. Новата Fabia се одликува со експресивен, динамичен дизајн со мазни површини и кристално јасни форми и линии. Новата Fabia исто така е попространа, помоќна и поефикасна од претходната, благодарение на намалената тежина и на новите мотори кои се во согласност со EU6 стандардот со кои Fabia е за 17% поефикасна.
Наградата ја подигна извршниот директор на ŠKODA Д-р Винфрид Валанд, кој изјави: „Новата Škoda Fabia во секој поглед е повеќе од автомобил и нуди иновативна технологија и емоционален дизајн. Таа е идеална за модерната, урбана мобилност на денешницата. Ние сме сигурни дека новата Fabia ќе одбележи ново поглавје во успешната приказна на моделот и како важен столб од нашата стратегија за раст на брендот ќе придобие многу нови клиенти. "
Уредник на наградите What Car?, Џим Холдер изјави: „Fabia победи не само затоа што е врвен мал автомобил кој е практичен, добро опремен и економичен за одржување, туку и затоа што успеа да ги надмине конкурентите во сите фази од изборот на најдобар автомобил.