Револуција во дизајнот: Новиот ŠKODA Superb
ŠKODA Superb е револуција во дизајнерскиот израз на брендот ŠKODA. Нацртот го прикажува извонредниот дизајн на прекрасната лимузина полна со емоции и страст. Дизајнот е софистициран и елегантен, динамичен, дискретни, модерен и експресивен.
Новиот знаменосец ŠKODA ќе има впечатлива, експресивна форма и ќе биде направен според концепт автомобилот „ŠKODA VisionC" со нови динамични пропорции.
Од предниот до задниот дел, од големите тркала до нежно заоблената линија на покровот, новиот Superb маѓепсува со јасната геометрија, со впечатливо обликуваните површини и форми, со прецизните и елегантни линии, кои оддаваат впечаток дека е направен од едно парче.
Преку својата експресивна надворешност, реномето на врвниот модел на ŠKODA расте се повеќе и остава печат во својата класа со остриот и мускулест изглед.
Денес, ŠKODA Superb е достоинствен и полн со емоции повеќе од било кога досега. Експресивната форма на надворешноста, може да се забележи и во внатрешноста на автомобилот.
Новиот ŠKODA Superb поставува нови стандарди и ја носи автомобилската класа на едно повисоко ниво. Се очекува третата генерација да привлече многу нови клиенти кон брендот и моделот.
Новиот Superb од ŠKODA ќе ја има својата светска премиера во Прага кон средината на февруари 2015 година. Потоа во март 2015 година следува неговото претставување на автомобилскиот саем во Женева. На пазарот ќе се појави кон средината на 2015 година.