Фасцинантно живописен: Audi воведува 3D звук во автомобилот
Тридимензионално аудио искуство од респектираната звучна лабораторија: Audi ја претвори визијата во реалност. 3D звук, кој наскоро ќе се инсталира во автомобилите од производство и ќе им овозможи на љубителите на добриот звук да доживеат просторни височини. Третата димензија импресионира со појасен и поколоритен звук. Ова богато аудио искуство поставува нови стандарди кога станува збор за задоволството при слушање музика во автомобил.
Години наназад, брендот со четири прстени е познат по воведување на нови аудио технологии. Најновата технологија, 3D звукот, ќе дебитира во Audi Q7 модел кој ќе се појави на пазарот во 2015 година. Моделот ќе биде достапен со напредниот аудио систем од Bang & Olufsen и од Bose. Во суштина тоа е комплексен алгоритам кој брзо и прецизно ги пресметува контролните сигнали за секој звучник поодделно. Audi ја развива оваа технологија со Bang & Olufsen во партнерство со Fraunhofer институтот за обработка и репродукција на аудио сигнали од градот Ерланген.
Во прва фаза од процесот, софтверот ги дели музичките податоци од изворот на специјални компоненти. На пример, кога артистот ја изведува својата композиција на сцената, од подот, од таванот и од ѕидовите на концертна сала излегува звук во различно време кое најчесто се разликува во милисекунди. Преку користење различни сонични рефлексии, алгоритамот калкулира и прави математички модел на секоја просторија поодделно. Без разлика дали снимката е моно, стерео или 5.1 surround sound, без разлика на форматот и без разлика на изворот како на пример: онлајн стриминг, VHF радио или CD.
Во втора фаза следува повторното составување на сите компоненти на звукот, така што поставеноста на звуците во внатрешноста на автомобилот ќе одговара на оригиналната просторија каде што е направена снимката. Оваа фаза побарува интензивни пресметки. Процесорот вo напредниот аудио систем на Bang & Olufsen, го разделува дигиталниот сигнал на 11 канали кој потоа се емитува низ вкупно 23 звучници на тој начин што до секое седиште доаѓа подеднакво прецизен и хармоничен звук. Четирите звучници инсталирани во предниот дел емитуваат делови од звук кои ја создаваат просторната височина. Системот има ново развиен сабвуферот кој е зголемен од 200 милиметри на 250 милиметри и нов засилувач кој сега има моќност од 1920 вати, со што се гарантира уживање при слушањето и тоа на највисоко ново. Аудио системот Bose surround sound има 20 звучници, од кои четири звучници се поставени повисоко за да ја обезбедат третата димензија.
Со 3D звукот, Audi ја продолжува традицијата на новитети и нови стандарди кога станува збор за hi-fi озвучувањето. Во 2005 за прв пат во Audi A8 беше воведен напредниот аудио систем на Bang & Olufsen. Врвниот квалитетен звук од данскиот Hi-Fi специјалист во 2012 година за прв пат беше вграден и во компактниот сегмент кај третата генерација на Audi A3. Новиот Audi TT направи голем чекор кон 3D звукот во 2014 година со новата Symphoria технологија, софтвер кој беше исто така развиен во партнерство со Фраунхофер - институтот за обработка и репродукција на аудио сигнали.