Bugatti за богати
По повод 100-годишнината на престижниот француски производител кој е во сопственост на VW групата, беше претставен концептот на новата...
...луксузна лимузина – Bugatti 16C Galibier.
Оваа лимузина со 4 врати името го добило по еден од најтешките алпски превои по кој поминуваат бициклистите на Tour de Franceu. На пазарот би требало да се појави во 2013, откако Bugatti ќе ги испорача сите 300 порачани Veyron, најскапиот автомобил на светот.
Цената на спортскиот Veyron е 1.2 милиони евра, а претседателот на Bugatti и Bentley, Franz Josef Paefgen, најави дека и цената на Galibier би можела да биде толкава.
Го придвижува моќен 8 литарски мотор со 16 цилиндри, но наместо 4 турбо-полначи му помагаат 2 механички компресори.
Погонот е на сите 4 тркала, кочниците се керамички, а силата се пренесува со помош на автоматски 8 степен менувач. Вртежниот момент е помеѓу 921 и 1000 Nm, а максималната брзина е 380km/h. Со тоа Galibier ќе биде најбрзата лимузина на светот со 4 врати.
Моторот е направен така што со минимална преработка може да користи етанол како погонско средство.
Во пространата внатрешност преовладува минимализам. Само 2 инструменти на луксузната арматурна плоча изработена од ореви – брзинометар и часовник.