Audi TT ја освои главната награда на „Connected Car 2014"
Најдобро поврзан автомобил: Audi е најуспешен бренд на наградите „ConnectedCar“ кои ги доделуваат AutoBild и ComputerBild.
Четири награди за секој од четирите прстени. Брендот го освои првото место во категориите навигација, интернет и забавно информативен систем. Audi TT е севкупен победник на „ConnectedCar“ наградите.
„Наградите сведочат за нашиот успех во областа. Благодарение на софистицираните системи за помош, целосно поврзаниот забавно информативен систем и комуникација меѓу автомобилите ние создадовме целосно поврзана реалност", изјави д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор за технички развој во AUDI AG.
Рики Худи, раководител на секторот за електроника изјави:
„Нашите Audi connect услуги значително ја зголемија безбедноста на патиштата и ја зголемија удобноста и ефикасноста на автомобилот. Овие награди го потврдуваат развојот на брендот и нè охрабруваат да продолжиме со воведување на нови пионерски услуги.“
Audi триумфираше во категоријата „навигација" со дисплејот на инструмент таблата кој е целосно поврзан со Google Earth и Google Street View и преку кој полесно се доаѓа до местата од интерес, а системот препознава и гласовни команди.
Во категоријата „интернет", Audi победи благодарение на големата брзина за пренос на LTE податоци, Audi e првиот производител на автомобили кој целосно го интегрираше овој систем како стандард во автомобилот.
Во категоријата „забавно информативен систем“, корисниците гласаа за MMI системот кој е осетлив на допир и за виртуелната кабина на Audi.
Церемонијата на доделување на наградите Connected Car 2014 ќе се одржи во јануари 2015 година на CES во Лас Вегас.