Новиот PEUGEOT 508 создаден да освојува!
Креиран за најпребирливите и оние кои сакаат да освојуваат, новиот Peugeot 508 ги истакнува карактерот и моќта.
Лавот се враќа на предната решетка, нагласувајќи ги гените на брендот, а воедно најавувајќи го стилот за иднината. Новиот дизајн на предните фарови со LED светла отсликуваат нова насока на стилот. LED светлата користат 50% помалку енергија од стандардните, притоа зголемувајќи ја ефикасноста.
Новиот Peugeot 508 се истакнува со редизајниран и реструктуиран заден браник додавајќи стил и моќ. Модерните Peugeot стоп светла со ефект на три канџи го истакнуваат и задржуваат препознатливиот светлосен потпис на брендот, воедно го надополнуваат современиот изглед што го прави новиот Peugeot 508 во секое време импресивен на патот.
Внатрешноста на новиот Peugeot 508 нуди највисоко ниво на квалитет и посветеност на деталите. Почнувајќи од примената на иновативни технологии како што е опцијата "head-up" екран, двозонски автоматски клима уред, па сè до завршната обработка на седиштата како и големиот простор во пределот на главата и нозете на патниците.
Иновативната технологија во новиот Peugeot 508 го прави полесно и поедноставно управувањето на возилото независно од теренот. Резултат на светски познатото дизел наследство дополнето со иновација и инженерска извонредност, развиени на патеката Le Mans, BlueHDi моторите се во согласност со Euro 6 стандардите и се одликуваат со исклучителна моќност и перформанси, економична потрошувачка на гориво како и ниска емисија на CO2. Всушност, 2.0 L Blue HDi 150 КС BVM6 мотор, кој регистрира емисија на CO2 од само 105g/km во верзијата лимузина или караван, претставува атрактивна понуда во сегментот.
Активната и пасивната безбедност се на највисокото ниво. Новиот Peugeot 508 доаѓа со најновата генерација на електронски програм за стабилност (ESP) кој е во состојба да ги открие и најмалите знаци на пролизгување и помага при намалување на прекумерното управување. Го одржува правецот на возилото со намалување на силата на моторот и сопирање на секое тркало поединечно. Воздушните перничиња, камерата за возење наназад и системот за детекција на мртов агол, се само дел од неколкуте елементи кои ќе се погрижат за безбедноста на патниците.
Кај нас новиот Peugeot 508, доаѓа со 5 годишна гаранција што е потврда на врвниот квалитет, нови технологии, сосема нов дизајн и повеќе опрема, а со цени еднакви на претходникот. Со сигурност може да се каже дека Peugeot има возило, кое е спремно да ги освои најпребирливите и è возило кое е наменски создадено да биде господар на патот. - изјави Томислав Нафидов, Директор на продажба.
Новиот Peugeot 508 е симбиоза на стил, ефикасност, перформанси и технологија. Потенцијалните клиенти со нетрпение го очекуваа, а на наше големо задоволство ги повикуваме сите заинтересирани во нашите салони да се запознаат со новиот 508 и направат тест возење. - изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор.