Автомобилски оскари: Volkswagen и Porsche освоија шест од вкупно седум награди на Златен Волан
Новите Volkswagen Passat, Volkswagen Golf GTE, Volkswagen Golf Sportsvan, Porsche Macan S Diesel, Porsche 911 Targa и Porsche Cayman GTS се најдобрите модели во своите класи за 2014 година.
Историски успех за групацијата Volkswagen: три Volkswagen модели - Golf GTE, Passat и Golf Sportsvan ја освоија наградата „Златен Волан“ за 2014 година. За прв пат во историјата на овие награди, еден производител победува во три категории. Покрај овој голем успех, победата за групацијата Volkswagen беше двојна. Уште еден бренд на групацијата, производителот на спортски автомобили Porsche, освои уште три први места во различни категории со своите врвни модели: Macan S Diesel, 911 Targa и Cayman GTS.
„Освојувањето на шесте најпрестижни автомобилски награди, се фантастична потврда за нашата работа и показател за вредноста на нашите возила во споредба со конкуренцијата. Овој историски успех дополнително не мотивира да продолжиме по патот по кој започнавме. Следната година повторно имаме одлични нови модели за првите позиции.“ - изјави проф. д-р Мартин Винтеркорн, претседателот на одборот на групацијата Volkswagen.
Престижните награди „Златен Волан“,се доделуваат по 39 пат од страна на магазинот „AUTO BILD“ и весникот „BILD AM SONNTAG“, и се признание за најдобрите нови автомобили. Покрај гласовите на 200.000 читатели од 25 европски земји, во изборот на најдобрите учествуваше и стручното жири составено до автомомобилски новинари, професионални возачи, инженери, дизајнери, политичари и многу познати личности.
Golf GTE ја освои наградата со јасна предност пред конкуренцијата во категоријата најдобар еколошки автомобил. Импресионирани од новиот мултимедијален систем, гласачите одлучија своите гласови да ги дадат за новиот Passat, кој ги победи своите конкуренти во средната/премиум класа. Додека пак новиот модел Golf Sportsvan триумфираше во компактната / кросовер категорија.
Новиот Porsche Macan S Diesel победи во категоријата (SUV) најдобро спортско корисно возило, моделот Porsche 991 Targa триумфираше во категоријата најдобар кабриолет. Додека пак Cayman GTS ја освои престижната награда во категоријата спортски автомобили.
Потрошувачка:
1. Golf GTE: комбинирана потрошувачка 1.5 l на 100km, емисии на CO2 35g/km. Класа: А+
2. Macan S Diesel: потрошувачка во град 6.9-6.7 l на 100km; потрошувачка на отворен пат 5.9-5.7 l на 100km; комбинирана потрошувачка 6.3-6.1 l на 100km; емисии на CO2 164-159 g/km; Класа: B
3. 911 Targa: потрошувачка во град 13.9-11.8 l на 100km; потрошувачка на отворен пат 7.7-6.9 l на 100km; комбинирана потрошувачка 10.0-8.7 l на 100km; емисии на CO2 237-204 g/km; Класа: G, F
4. Cayman GTS: потрошувачка во град 12.7-11.4 l на 100km; потрошувачка на отворен пат 7.1-6.3 l на 100km; комбинирана потрошувачка 9.0-8.2 l на 100km; емисии на CO2 211-190 g/km; Класа: G, F