Спортски, ефикасени, свежи и атрактивни - Новите Audi A1 и Audi A1 Sportback

Популарноста на Audi A1 и Audi A1 Sportback се потврдува со повеќе од 500 000 продадени автомобили. Компактните модели имаат изменет внатрешен и надворешен дизајн, односно нова декорација и нови бои, кои му даваат на автомобилот атрактивен изглед. Искуството при управување на овој компактен автомобил е исто како да управувате возило од средната класа. Цврстата каросерија и краткото меѓуоскино растојание го прават овој модел многу агилен и лесен за управување.

sportski-efikaseni-svezi-i-atraktivni-novite-audi-a1-i-audi-a1-sportback-01.jpg

Кај новите модели се вградуваат шест сосема нови бензински и дизел мотори. За прв пат, Audi нуди ново развиени три цилиндрични мотори, бензинскиот 1.0 TFSI и дизелскиот 1.4 TDI мотор, кои се поефикасни, а возењето го прават многу позабавно. Потрошувачката на гориво намалена е за 10%, додека пак моќноста зголемена на 66kW 90КС односно 141kW 192КС. Седум степениот S-tronic автоматски менувач достапен е со сите мотори.

Моќниот серво управувач кај Audi A1 е комплетно нов. Возењето може да биде модифицирано со избор на повеќе опции, по желба на возачот. Зависно од тоа дали возачот посакува спортско или комфорно возење, прилагодувањето се прави едноставно, а се однесува на системот за управување и на амортизацијата. Кај новите модели можат да се изберат тркала со различен дизајн и димензии со максимална големина до 18 инчи.

Со новите опции и карактеристики, клиентите ќе можат да го конфигурираат своето Audi A1 преку избор на една од двете линии: Audi A1 дизајн,  односно Audi A1 спорт. Секако кај новиот автомобили достапни се и други линии и пакети. Комплетно новата опрема го  нагласува урбаниот карактер на моделот Audi A1.

Инфомативно забавниот систем е направен целосно ги пресретне потребите на младите клиенти. Системите MMI навигација плус и Audi connect вклучуваат и телефон во автомобилот. Следува и online услугата од Audi Connect која овозможува безжично поврзување на интернет.

Audi S1 и S1 Sportback со 170kW / 231КС  и со постојан погон на четири тркала ја претставуваат спортската верзија на автомобилот. Забрзувањето од 0 до 100 km/h се постигнува за неверојатни 5.8 секунди кај Audi S1 додека пак кај Audi S1 sportback тоа забрзување се случува за 5.9 секунди.

sportski-efikaseni-svezi-i-atraktivni-novite-audi-a1-i-audi-a1-sportback-02.jpg

Целосно редизајнираните Audi A1 и Audi A1 Sportback

На прв поглед кај новите Audi A1 и Audi A1 Sportback веднаш се забележуваат новите спортски линии. Новиот дизајн го прави моделот повеќе спорски, кој е за 2 cm подолг. Audi дополнително нуди и избор на контрастни бои кога станува збор за сводовите на покривот.

Внатрешниот дизајн на новите Audi A1 и Audi A1 Sportback е прострен и софистициран. Изгледот на контролите во внатрешноста е чист а хромираните лајсни ја прават внатрешноста повеќе елегантна. Проширен е изборот на дополнителни карактеристики . Audi A1 може да се порача со дизајнерска или спортска линија. Друга можност е избор на дизајн или S line спортски пакет како и бројни други опции за индивидуализација на моделот: од избор на различна боја за вентилите за воздух од декоративни детали во внатрешноста.

sportski-efikaseni-svezi-i-atraktivni-novite-audi-a1-i-audi-a1-sportback-03.jpg

Кај новиот модел се вградуваат вкупно шест нови мотори: 4 бензински TFSI и 2 дизел TDI мотори – кои имаат моќ од 66kW / 90КС до 141kW / 192КС. Сите мотори се сосема нови, односно добиени се со постојано подобрување на претходните, така што со што моќност е поголема, а потрошувачката е намалена за 10%.  Седум степениот автоматски S-tronic менувач достапен е како опција кај сите мотори, а стандардно се вградува кај бензинскиот 1.8 TFSI мотор.

Три цилиндричниот  бензински 1.0 TFSI мотор кој за првпат се вградува во Audi автомобил има моќност од 70kW / 95КС. Потрошувачката кај овој мотор е исклучително ниска 4.3 l/100km, а емисијата на CO2 изнеува 99 g/km. Новиот дизелски три цилиндричен мотор 1.4 TDI Ultra има моќност од 66kW, а според NEDC стандардот потрошувачката изнесува неверојатни 3,4 l/100km, што е соодветно на 89 g/100km емисија на CO2.


Четири метри динамика: Audi S1 и Audi S1 Sportback

Најмоќните модели се Audi S1 и Audi S1 Sportback со 2.0 TFSI моторот кој испорачува 170kW  односно 231КС. Со 370 Nm вртежен момент, моделот забрзува од 0 до 100 km/h за 5,9 секунди а максималната брзина изнесува 250 km/h.

Потрошувачка:

Audi A1:

  • Комбинирана потрошувачка: 5.8 - 3.4 l/100km
  • Емисија на CO2: 134 - 89 g/km

Audi A1 Sportback:

  • Комбинирана потрошувачка: 5.8 - 3.4 l/100km
  • Емисија на CO2: 134 - 91 g/km

Audi S1:

  • Комбинирана потрошувачка: 7.2 - 7.0 l/100km
  • Емисија CO2: 166 – 162 g/km

Audi S1 Sportback:

  • Комбинирана потрошувачка: 7.3 - 7.1 l/100km
  • Емисија CO2: 168 – 166 g/km

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg