Пристигна новата генерација на NISSAN во новоотворениот ексклузивен салон
Потполно новиот NISSAN X-TRAIL и новиот Nissan Juke пристигнаа во новоотворениот ексклузивен салон на NISSAN. Заедно со Qashqai динамични и иновативни , новите модели на NISSAN се идеални за едно семејство па во текот на следните четири викенди тимот на NISSAN овозможува пробно возење како и забава и рекреација и за најмладите членови на семејството.
Новиот Nissan Juke се враќа со нов спортски дизајн и префинет ентериер и со поголем капацитет на багажникот од 40%.Овозможени се 4 пакети за персонализација со дури 11 бои, така што можете да креирате стотици комбинации за да го направите вашиот Juke само ваш.
Освен Jukе-от кој е направен да одговара за Вашиот карактер, уверете се во врвот на урбаното искуство на новиот QASHQAI за време на месецот на NISSAN. Со новиот изглед на оригиналниот кросовер и потполно новите BI-LED светла, високо квалитетната завршна изведба и просторниот ентериер, Ви го претставуваме најпродаваниот модел на Aзискиот број еден во Европа.
И покрај големата побарувачка и најавата дека ќе пристигне во 2015 година, пристигна и потполно новиот Nissan X-Trail со спортски дизајн, кој ја комбинира елеганцијата на кросоверот со големината на едно теренско возило. Поседува опција за седум седишта, со високо квалитетен ентериер, голем простор за нозете и флексибилни опции за багажот, што го прави перфектен за целото семејство.
Воден од страста за иновации и технологии Nissan во текот на последните седум години го преобрази светот на семејните автомобили. Сега, со примена на еднаков пристап кон дизајнот и оригиналното размислување од кое настанаа Qashqai, X-Trail и Note, Nissan уште еднаш ја шири понудата на производи со возбудливиот и нов предизвикувач во класата на семејни хеџбек автомобили - со Pulsar кој пристигна во Македонија и веќе е во продажба.
Искористете ја можноста наредните четири викенди да го закажете своето пробно возење во салонот на NISSAN , понесете го целото семејство и уживајте во забавата која Ви ја овозможува нашиот тим.