Луксузно опремена - Panamera ексклузивна едиција

Исклучителен луксуз и сеопфатни стандардни карактеристики нуди новата едиција на Porsche Panamera. Направена во ексклузивната фабрика, во ограничен број од само 100 примероци кои ќе бидат испорачани во светски рамки.

luksuzno-opremena-panamera-ekskluzivna-edicija-01.jpg

Базирана на Panamera Turbo S Executive, со 570 КС (419 kW), врвното издание има големо меѓуоскино растојание и голем простор во задниот дел. Светската премиера ќе се случи на автомобилскиот саем во Лос Анџелес 2014 година.

Porsche, за прв пат ја нуди оваа ексклузивна серија од Panamera и тоа со две прогресивни бои: под бравите на вратите се создава контраст кој се јавува како комбинација на безвремена длабока црна металик боја и костенлива кафена металик боја која се протега од задниот дел по должина на автомобилот.Секое возило од серијата е рачно обоено, со цел да се овозможи хармоничен микс на бои. Предните отвори за воздух и 20 инчните тркала кај класично спортскиот дизајн се обоени во црна металик боја.

Внатрешноста има елегантна завршна обработка. Сите седишта како и  внатрешноста на вратите се обложени со костенливо кафена „Poltrona Frau“ кожа, произведена од престижниот италијански бренд „Agatha“. Кожата која е употребена за ексклузивната едицијата на Panamera е внимателно одбрана и исклучително мека. Со цел седиштата да вентилираат, средишните делови на истите се перфорирани, а специјално за овој модел на нив јасно се забележува логото на Porsche.Горниот дел од прагот на вратите е изработен од Nappa кожа. Костенливо кафената боја се забележува на некои специјални места, со цел истите да ги потенцира. Соодветно на надворешноста, која е обоена во две бои, декоративните внатрешни елементи исто така се изработени со мешавина на бои: премин од класично оревово дрво кон црна пијано боја со голем сјај.

luksuzno-opremena-panamera-ekskluzivna-edicija-04.jpg

Кај ексклузивната едиција на Panamera, ќе дебитира ново развиениот информативно забавен систем наменет за задните седишта. Главните елементи на милтимедијалниот систем, кој стандардно се вградува кај оваа ексклузивна едиција, се состои од два 10,1 инчни дисплеји, осетливи на допир со вградена камера и DVD. Системот има сеопфатни бизнис и забавни функции, кои се комбинираат со интернет пристап преку мобилен телефон. Звукот се пренесува преку безжични слушалки или преку сараунд аудио системот Burmester. Во внатрешноста на секоја Panamera има плочка со индивидуален број од ексклузивната серија. Зад воздушните отвори во предниот дел има гравиран потпис кој покажува дека моделот е направен во ексклузивната фабрика на Porsche. Дополнително, Porsche нуди и сет од пет куфери кои исто така се изработени од „Poltrona Frau“ кожа, а однадвор се забележува перфорирано лого на Porsche.

luksuzno-opremena-panamera-ekskluzivna-edicija-03.jpg

Porsche Exclusive се однесува на највисокото ниво на индивидуализација кое е понудено од фабриката. Од 1986 година, ексклузивната серија нуди  нови идеи за дизајнот кои се технички достижни.

Секое возило е целосно рачно изработено во ексклузивната фабрика на Porsche, а со тоа се нагласува врвната изработка и страста за деталите.

Porsche Panamera потрошувачка: комбинирана 10.7-6.4 l/100km; емисија на CO2 249-169 g/km; класа на ефикасност: F-B

Porsche Panamera Turbo S Executive: потрошувачка во град 15.1 l/100km; на отворено 7.9 l/100km; комбинирана 10.5 l/100km; емисија на CO2 245 g/km; класа на ефикасност: E

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg