Емоции покрај реката Сена: Новите ŠKODA Fabia и ŠKODA Fabia Combi ја слават светската премиера

emocii-pokraj-rekata-sena-novite-skoda-fabia-i-skoda-fabia-combi-ja-slavat-svojata-svetska-premiera-01.jpg

  • Новите автомобили од ŠKODA се главни ѕвезди на автомобилскиот саем во Париз
  • Спортски дизајн, впечатлив колоритен концепт и многу опции за персонализација повеќе од било кога
  • Типично за ŠKODA: Просторна, умна, со најголем багажен простор во својата класа  
  • Едноставно, многу повеќе од автомобил: Нови системи за помош за поголема безбедност и удобност
  • Новата ŠKODA Fabia во Македонија пристигнува на почетокот на 2015 година

Емотивно претставување на ŠKODA во Париз: новата ŠKODA Fabia и новата ŠKODA Fabia Combi ја прославија својота светска премиера на овогодинешниот автомобилскиот саем во Париз.

Комплетно нови, двете верзии на просторниот  автомобил се појавија на автомобилската модна писта, со својот нов изглед, кој е многу повеќе спортски, модерен и иновативен од било кога досега. Нема дилеми дека новите  ŠKODA Fabia и ŠKODA Fabia Combi се меѓу ѕвездите на шоуто во главниот град на Франција.

“Новата Škoda Fabia е уште една пресвртница за Шкода, која ја истакнува емотивната и техничка моќ на брендот,” изјави извршниот директор на ŠKODA проф д-р Винфрид Валанд. “Сите верзии на Fabia едноставно нудат многу повеќе од автомобил. Škoda Fabia е автомобил за срцето и разумот, модерен, идеален за оние со ведар спортски дух, овозможувајќи  мобилност, особено во урбаните средини. Ние сме убедени дека новата Fabia ќе го зголеми семејството на нашите клиенти, зголемувајќи го бројот на досегашните 3,5 милиони клиенти кои до сега се одлучија за Fabia. Просторната Fabia Combi е лидер на пазарот во својот сегмент уште од самиот почеток,  ние планираме да го продолжиме успехот и со најновата генерација ", изјави проф д-р Валанд.

Третата генерација на Fabia е комплетно нова во секој поглед. На прв поглед, најмногу се забележува значително поостриот дизајн. ŠKODA креираше експресивен дизајн за новата Fabia, црпејќи инспирација од  концепт автомобилот ŠKODA VisionC .

emocii-pokraj-rekata-sena-novite-skoda-fabia-i-skoda-fabia-combi-ja-slavat-svojata-svetska-premiera-1.jpg

"Со своите спортски пропорции, Škoda Fabia изгледа свежо и модерно. Ние и ги дадовме нашите рели гени и ја создадовме најемотивната Fabia до сега", изјави д-р Френк Велш, член на одборот за технички развој. Креиравме млад, свеж ентериер, богата палета на бои и бројни опции за персонализација. "Ја креиравме новата генерација на Fabia со построги пропорции. Новата Škoda Fabia е пониска и поширока, а растојанието од подлогата е помала. Контурите исто така, се поостри, со кристално јасни линии и елементи. Затоа  Fabia однадвор има многу повеќе контраст и силна интеракција помеѓу светлината и сенката.  Сето тоа му дава на автомобилот единствен  самоуверен карактер", објасни главниот дизајнер на ŠKODA, Јозеф Кабан.

Технологијата вклучена во новата Škoda Fabia ќе ги задоволи сите барања па дури и на најпребирливите. Брендот направи модел кој го поврзува вашиот паметен телефон со информативно забавниот систем на автомобилот, употребувајќи MirrorLink ™ и SmartGate функции. Со нови мотори и помала тежина, потрошувачката и емисиите на штетни гасови значително се намалени и тоа за 17%. Иновативните системи за помош, кои досега беа достапни само во повисоките класи на возила, обезбедуваат зголемена безбедност и поголема удобност.

Покрај сите нови придобивки, дизајн и технологија новата Škoda Fabia и новата Škoda Fabia Combi се вистински шампиони во поглед на услужливост, со различни апликации и најголем багажник во својата класа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg